Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (22.10.2018)

Овен
Из­ра­зи­то понеделнички и во неколку следни денови ќе имате пориви кон ма­ни­фес­та­ции од типот кога е бал нека е бал, па и полоши варијанти на ис­то­то како, на пример, само еднаш се живее, што на Средниот или на Да­леч­ни­от Исток каде што реинкарнацијата е дел од есенцијалните ве­ру­ва­ња, би го примиле, во најмала рака, како глупост. Сакам да речам, може да имате пориви по поголеми или помали манифестации на статус, имање, ма­ни­фес­та­ции на материјалната положба за да завидуваат другите. Не­ма­те баш некоја голем свесност за потребите на другите, иако мислите спро­тив­но, па нивните реакции можат да ве зачудат.

Бик
Не­ма­те баш саглам ден, а ниту неколку следни, особено ако имате пот­ре­ба од некаква помош, поддршка или поткрепа. Оној или оние што треба да ви го дадат тоа, може да манифестираат крајна ароганција, така што може да се покаете едно стопати што воопшто нешто сте побарале, а во од­дел­ни случаи може тоа и да го кажете, ако не покажете. Проблемот е само ако од вас се очекува некаква помош и поткрепа, интервенција, зас­та­пу­ва­ње, вие да не манифестирате ароганција, што е сосема можно, па вам не­кој поради тоа да не ви се заблагодари.

Близнаци
Де­нес латентна преновогодишна мрза, опуштеност за поголемиот дел од зна­кот, можеби малку апатичност, најчесто препотенција и избирливост, ко­ја резултира со конфликти со околината, најчесто со партнерот, потоа со родителите, па со децата, најпосле со колегите и со претпоставените на деловен план. Значи, последици еден куп како можност, поради не­как­ви недефинирани пориви. Сакате малку повеќе да ги пренагласувате ра­бо­ти­те, во одделни случаи и да ги домислувате или сосем измислувате. За по­е­дин­ци, ова може да биде и во судир со некои законски акти.

Рак
Не­ка­ко сте заштитени, барем денес, од погрубите влијанија на Јупитер и на Сонцето, кои ги опишувам како најдоминантен аспект во следните не­кол­ку дена, башка другите. Но и покрај тоа, вие имате убави можности да ма­ни­фес­ти­ра­те имање пари, и пориви да ги покажувате во разни пригоди, да ги броите, пребројувате на јавно место, пред други, како божем слу­чај­но. Имате потреба од восхитување и уважување, па ова е само една пси­хо­лош­ка драма која ја правите заради тоа. Но може да изгледа доста смеш­но од страна, во одделни случаи и гротескно.

Лав
Ме­се­чи­на­та е во вашиот знак, што претпоставува малку повеќе дра­ма­ти­ка и такви емоции денес, што во ваш случај значи екстремен театралност, ма­ни­фес­та­ци­ја на препотенција и арогантност, посебно кон и пред пом­ла­ди­те, пред кои ќе сакате и да се пофалите, да си дадете значење, што и ќе ви успева во најголемиот број на случаи. Но внимавајте, не сте синоним за работливост, па ако не сте на раководно место, а повеќето од вас не се, внимавајте да не му цапнете на плускавец на некој посуетен од вас, па да биде конфликт со несогледливи последици. Сепак задржете се на опи­ша­ни­те манифестации пред помладите.

Девица
И вие со можни проблеми поради препотентност, занес од позицијата, аро­ган­ци­ја, суета, што ли ви душа сака. Најчесто ќе ја манифестираат кон вас прет­пос­та­ве­ни, колеги што имаат повеќе стаж од вас, деловни партнери, од кои нешто барате или имате потреба, но и на приватен план, иако тоа е по­мал­ку веројатната солуција. Приспособливи сте, но не знам баш дали и тол­ку за да ја издржите таквата театралност, на пример, на еден Лав или Овен ( погледнете ги нивните хороскопи). Нервозата ќе ја манифестирате до­ма, пред партнерот, со можна погрешна расправија, ако и тој не е еден од посочените

Вага
Мо­же да сте денес прилично избирливи, да наоѓате мани и неправилности, не­со­од­вет­нос­ти, а сето навистина може на повеќето во вашата околина да им оди на џигер, па поради тоа можни се конфликти, и на приватен и на де­ло­вен план. Емоциите драматични, театрални, афективни, внимавајте, и пре­ку нив се манифестира силното его, особено ако ги покажувате па­те­тич­но и нагласено. Од друга страна, партнерот можеби токму тоа го сака кај вас, но би рекол сепак дека не е објективен, бидејќи од него повеќе го­во­рат чувствата од рациото, со кое другите ве гледаат.

Скорпија
Има­те еден куп планети во вашиот знак, и тоа такви кои не го напуштаат та­ка брзо, па некако се наметнувате и го обојувате зодијачкиот циркус со ва­ше­то влијание. Секако, мислам на знакот на Скорпија, кој сите го имаме во своите хороскопи, но како база за различни животни околности и деј­нос­ти. Сатурн, Венера, Меркур, северниот месечев јазол се елементи кои прет­пос­та­ву­ваа доста динамика, па така и понеделников. Но малку по­ве­ќе инфериорност, можеби поради институции или работа во нив, поради мал­тре­ти­ра­ње и чекање, и проработување на комплексот или чувството на помала вредност

Стрелец
Вни­ма­вај­те на својата арогантност денес, бидејќи тоа ви е можноста и не са­мо денес туку и во следните неколку дена до половината на работната не­де­ла. Значи, внимавајте, пред сe, како се манифестирате во јавноста, по­себ­но ако работата вие таква, мислам врзана за луѓе, но на истото би тре­ба­ло да внимавате и ако се работи за една личност – партнерот, пред ко­го може да манифестирате невидена ароганција, и тоа можеби и нема да биде свесно, што е уште потрагично, бидејќи ќе реагирате нервозно и аг­ре­сив­но кога ќе ви се посочи на тоа, едноставно, нема да бидете свесни де­ка сте арогантни.

Јарец
Ла­ко­мост, избирливост, посебно ако се најдете на некакво гага јадење и пи­е­ње, па поради ваквите манифестации и да си го нарушите здравс­тве­ни­от билтен. Значи, ве предупредувам на можностите од лакомост и так­ви­от пристап кон јадењето и пиењето да имате проблеми со здравјето или, пак, поради несоодветна храна да ви се случи истото, особено ако има­те и некаква дијагноза плус на таа тема. Инаку, не сте познати по ал­чност на оваа тема, но морам да претпоставам дека имате многу различни лич­ни хороскопи.

Водолија
Де­нес, а богами и неколку дена потоа нема да бидете синоним за работа и ак­тив­нос­ти на тој план, повеќе ќе мислите на забава и на друштво, дрн­да­ње волна, како што ги нарекувам бесцелните муабети за марки, коли, за не­го/неа, ти реков ми рече муабети. Од таа ваша лежерност, опуштеност, мр­за можат да произлезат и доста проблеми, но и такви кои се сан­кци­о­ни­ра­ат со закон. Внимавајте на децата и какво влијание вршите врз нив, би­деј­ќи сте им урнек, па ако вие фрлате отпадоци на улица, ќе фрлаат и тие. Ако ја минувате улицата надвор од пешачкиот премин, тоа ќе го сто­рат и тие. Инаку, наведените нешта ќе ве чинат најмалку дваесетина евра гло­ба.

Риби
При­лич­но тврд аспект за вашиот знак денес на небото, а поради силината и интензитетот има шанси да потрае и повеќе од еден ден, што значи пот­реб­но е поголемо внимание утре, кога истиот аспект ќе биде покриен од дру­ги, ама ќе дејствува. Ароганција од некој на деловен, но и на приватен план, најчесто некој што мисли или е авторитет, однесување кое нема да ви се допадне , посебно во комуникациите или, пак, што е помалку ве­ро­јат­но, но за некои од вашиот знак и можно, дека вие ќе манифестирате так­во однесување кое, секако, нема да предизвика овации од околината и од соговорникот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *