Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (22.02.2019)

ОВЕН
Денеска ќе имате полни раце работа, а за да биде уште полошо, ќе бидете пречувствителни и ќе реагирате на секоја ситница и упатен збор. Вo ред, но имајте на ум дека не смеете да ја малтретирате околината, посебно не својот партнер.

БИК
Ќе бидете преполни со енергија, па не е лошо да ја искористите. Првенствено насочете ја на работата, бидејќи на ова поле и најбрзо ќе ги почувствувате резултатите кои ќе ве мотивираат да одите понатаму. Ако сте скарани со партнерот, смирете се денеска.

БЛИЗНАЦИ
На полето на работата се’ ќе се одвива толку добро што на момент ќе помислите дека сонувате. Вашиот емотивен живот, исто така, од некоја непозната причина ќе процвета, а вие ќе се чувствувате како на седмо небо.

РАК
Доколку јасно и гласно не го дефинирате тоа што го сакате, како мислите дека другите ќе знаат? А за да го кажете, најпрво мора да расчистите со себеси за што конкретно се работи. Ве очекува тешка работа, а и дијалог со самите себеси.

ЛАВ
Немојте да бидете површни. Обрнете поголемо внимание на деталите и ќе видите дека сте правеле сосема погрешни чекори во последно време. Но, има време за поправен испит. Поправете ги работите, посебно доколку тоа се однесува на емотивниот живот.

ДЕВИЦА
Денеска ќе ви се случат премногу работи кои не мора нужно да бидат позитивни. Нештата ќе се менуваат од минута во минута и ќе добијат сосема поинаков тек, така што во попладневните часови ќе се чувствувате максимално исцрпено.

TЕРЕЗИЈА
Прифатете ги новите деловни предизвици и вложете ја во нив сета своја енергија. Како мотивација нека ви послужи наградата која ќе ви помогне да решите некои важни животни прашања. Што се однесува до емотивниот живот, реалната процена на партнерот ќе ве разочара…

СКОРПИЈА
Вашата моментална заљубеност навистина нема никаква смисла. Доста го гледате светот преку розови очила – обидете се објективно да размислите. Зошто и понатаму би се залажувале самите себеси кога знаете дека тоа не ве води никаде?

СТРЕЛЕЦ
Доколку во моментов немате пари, обидете се да најдете начин како да заработите и да го вложите во неподвижен имот. Во тој контекст би можеле многу да заработите. Внимавајте малку на здравјето, посебно ако не се храните соодветно.

ЈАРЕЦ
Здружете ги силите со колега, со кого најпосле би можеле да ги остварите своите идеи. За разлика од вас, колегата ќе биде сосема објективен и ќе преземе конкретни чекори кои ќе ве помрднат од мртвата точка.

ВОДОЛИЈА
Денеска ќе ви се случи средба со лице за кое ве врзуваат болни спомени. Не дозволувајте сеќавањата да ве одвлечкаат во старите времиња. Во ред, тоа лице ве повредило, но денеска сосема е небитно во вашиот живот. И да – убаво е кога човек умее да простува.

RИБИ
Знаете ли кој е еден од вашите најголеми проблеми? Кога ќе ви падне генијална идеја на ум, а вие ќе заборавите на реалните околности и ќе почнете да фантазирате. Логично е дека така нема ништо да направите. Направете процена на моменталните услови.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *