Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (21.05.2019)

ОВЕН
Со оглед дека не ви е периодов, имате прилично убав ден пред вас иако можеби одвивањето на настаните до поручекта може и да ме демантира. Значи постојана напнатост и латентна нервоза може да ве следи цел ден поради мали ситни причини. Едно престанува, друго започнува. Но кон поручекта и крајот на деловниот дел од денот работите ќе се променат, па можни се релаксантни прилики и можности, што само покажува колку сте фрустрирани поради некого или нешто на деловен план или на сите оние на кои имате најголеми енергетски вложувања.

БИК
Одличен ден за вашиот знак. Влијанието на Скорпијата е во големо опаѓање па можеби и можете да здивнете од притисокот кој беше правен врз вас, посебно од страна на партнерот, деловен или интимен сеедно или пак на некоја ситуација од вашето опкружување. Вечерта може да ве нападнат посети и гости, а можеби ќе се решите и вие некого да го посетите. Многу емотивни реакции притоа, веселост. Нормално, не мора да се посети во прашање, можеби да е средба со саканата личност, па веселоста да произлегува и оттаму.

БЛИЗНАЦИ
Прилично “густ” денов за вашиот знак и тоа започнувајќи од утрото, кога се можни прилично тешки и нервозни зборови кон женска личност без оглед на кој пол вие му припаѓате. Причината е можна во нејзината неорганизираност, бавност и хаотичност, можеби кон исполнување на некои утрински ритуали за кои вие немате трпение. Кон пладнето можеби ви следи некакво убаво расположение, некој од влијателните, суетните и раководните може да коментира нешто на кое веднаш ќе му одговорите, па тоа може да биде една фина расправија со претпоставено и суетно лице.

РАК
Месечината, веќе напоменав, попладнето заминува во дводневна посета на знакот на Рибите, што вам како на воден знак секако ви одговара, во смисла на вибрации, но бидејќи таа притоа прави и редица аспекти, едно шест, денов со најразличен квалитет, би рекол дека променливоста ќе ви биде дефинитивно актуелна денес, и тоа и на емотивен, чувствен план, а можеби и на физички, ако здравјето не ви е како што треба на акутно ниво, во смисла настинка, синуси, грло. Но најпрво што би ви го советувал е да не верувате многу на “сигурни” информации на работа, на професионален план, бидејќи имаат тенденција да се измислени и лажни.

ЛАВ
Можеби денов ќе го започнете лошо, можеби и пладнето ќе ви биде исто, но попладнето и вечерта би требало да биде контра, да биде подобро, поубаво и повесело. Најголем проблем се вашето его и суета, кои можат да бидат нападнати на пладне и тоа поради некакви ваши планови, информации, известувања, кои на некој начин носат сатисфакција. Значи некој ќе ве нападне од позиција на нискофреквентни чувства, како што е љубомората на пример, поради некој ваш успех или негово навестување и ќе ве обвини за узурпирање на статусната положба, давање приоритет само на себе и слично.

ДЕВИЦА
Ова е последниот ден од владеењето на Скорпијата, па затоа аспектите се и подинамични, а фала богу и побројни, како и секогаш при крајот на месецот. Вие немате не знам каков ден во смисла на квалитетот на аспектите, мислам дека денот ќе ви биде доста динамичен, но нервозен, и во тоа верувајте ако се случи некаква мала расправија, нервоза, пререкување уште од рано наутро со помлада личност. Ова ќе ви биде показател дека целиот ден ќе ви биде главно таков. И партнерот ќе бара порција од вниманието.

ВАГА
Аспектите не се лоши посебно од пладнето натаму, имате солидни аспекти за вашиот знак кои претполагаат весело расположение, љубезност, шарм, сите ваши најсилни “оружја” на кои никој не може да одолее. Имате солидни показатели за можности и убави случувања на полето на чувствата, посебно ваши кон некого, а списокот е тука долг но на прво место се децата, па потоа сите останати. Мала среќа може да ве следи целиот ден, што подразбира неочекувани благопријатни случувања кои ќе ве развеселат и расположат. И така цел ден, освен ако не посакувате или не решите да е поинаку.

СКОРПИЈА
Велам последен ден од вашето владеење, па како што мене ми се чини се приготвувате за дебела илегала. Денот, гледано од позиција на аспектите не ви е нешто посебен, но има тенденција на подобрување за да биде најдобар во вечерните часови, кога се можни информации и вести за некакво остварување кое сте го посакувале подолго време, нешто што ќе ве предизвика на емотивни изблици, секако не непријатни. Пред тоа доста густо во дневното расположение, имате еден куп можности со некого да се закачите, а тоа е поради вашиот “тенок” нервен систем и губење на енергија.

СТРЕЛЕЦ
Знам дека триете раце и едвај чекате да ја преземате палката на владеењето со зодијакот за оваа година. Особено што во последниот ден од вашето владеење се предвидува и крајот на светот. И колку да не се верува во ова, вам ви дава значење на хороскопската берза. Инаку од денов не очекувајте многу, може да ви биде прилично несмасен, би рекол ред едно расположение, ред друго, ќе морате да внимавате кога сте во лошо да не се испокарате со околината, а потоа да се извинувате, но кон поручекта некако ќе се стабилизирате и ќе биде се подобро и подобро.

ЈАРЕЦ
Каков и да ви изгледа денот имате некаква можност за некакво пријатно по вас случување околу пладне на професионален план. Дали некој ќе биде исклучително задоволен од вас и некакви ваши перформанси и презентации, ако работите со луѓе, клиенти или странки, останува да се види. Најинтересно е дека ова можеби и нема да ви биде кажано директно туку на некој ваш раководител, а до вас ќе стигне со неколку недели можеби задоцнување. И шефот или кој било друг претпоставен, ќе треба ова да го “преработи”.

ВОДОЛИЈА
Денов не ви е по ваш тертип, некакви отворања, олеснување на атмосферата од два часа и можеби нешто повеќе околу пладне, но и можноста за некаков судир на его и чувства во исто време. Од една страна можеби убави вести околу некакви преговори или договори, и љубоморен испад на некој кој треба да одлучува, од причина што не е најпрв во приказната. Типичен балкански синдром, отсек Македонија. Внимавајте и на можните трошоци денес, решавање на проблемите со фрустрацијата не е низ дуќаните.

РИБИ
Месечината е денес во дводневна посета на вашиот знак, па оттаму поручекта ви носи и нешто поголемо смирување. Денес се формира и апликациониот аспект со Нептун, а тоа сепак не е еден од најдобрите аспекти, одејќи инклинира кон неразбраност од околината, склоности кон претерувања, посебно кога се цигарите во прашање, а богами и алкохолот за поединци. Бидејќи се се одвива при крајот на работниот ден внимавајте да не “заглавите” во некоја меана до следниот ден. Документирањето не ви е баш голема доблест, а некои документи ви се многу важни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *