Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (21.03.2018)

Овен
Да не претерувате со изливите на нежност и врзување на пратнерот за себе? Бидејќи сте склони кон идеализирање, можете да увидите дека сте создавале лажна претстава за саканото суштество. Тоа често ви се случува, па разочарувањето може повторно да се случи. Со Стрелците остварувате добра соработка на сите полиња.

Бик
Размислувате како да решите важен проблем. Иако сте подготвени да тргнете во акција, повискои околности ќе ве спречат во тоа. Се работи за подложност на вирусни инфекции и ослабнат имунитет. Ја расплинувате силата на споредни нешта, фантазирате за нешто невозможно. Пожелно е да бидете пореално. само Овен може да ве исфрли од рамнотежа, но позитивно.

Близнаци
Се возбудувате без потреба. Работите ќе ги извршувате, но со вложување на многу енергија, па на крајот од денот ќе се прашувате дали тоа било неопходно? На емотивен план ситуацијата е непредвидлива. Планирате свршувачка, или венчавка. Постои склоност кон брзо вљубување, стекнување популарност и среќа во личните врски.

Рак
Вредни сте, расположени и истрајно. Позитивните особини се во прв план. Би можело да с екаже дека сте идеални, но блага доза на посесивност и љубомора ве закочуваат во многу напори. Слободните мигови минувајте ги со лицата што ги сакате: со партнерот, децата или пријателите. Убаво ви е! Зајакнете го имунитетот.

Лав
Препорачливо е смирено да ја прифатите состојбата на малаксаност, намалена физичка активност и да почекате се’ да мине. Постојат нешта што можат да се извршат, а при тоа да не се исцрпувате физички:читање, на пример. Ве очекуваат позитивни искуства врзани за патувања, или истражување на духовни и психички подрачја.

Девица
Наоружани сте со трпение, па не ви пречи бавното напредвање. Свртени сте кон креативната работа и планирање на убавите доживувања, премногу убави за да бидат реални. Шансата да заминете на пат постои. Не очекувајте премногу од тоа патување, за да не се разочарате.

Терезија
Бидејќи разновидни содржини се пред вас, водете сметка за тоа да не претерате. Обидете се да се достанцирате од настаните и да не се нервирате без потреба. Невнимателни сте и по малку расеани. Зато засилете го вниманието и се’ ќе биде во ред. Се наоѓате пред голема животна пресвртница, и тоа на добро.

Скорпија
Се наоѓате во фаза на преобразба, свесни дека мора да вложите многу напор и трпение за да ги решите проблемите. Ништо не паѓа од небо, па и за решението на вашиот проблем, ќе бидат потребни многу енергија и нервози. Смирете се, се’ ќе си дојде на свое место. Со некого ги обновувате соработката и дружењето.

Стрелец
Постигнувате немерен успех. Во особено поволна позиција се оние припадници на знакот што се занимаваат со проучување на филозофијата, уметноста и теологијата. Бидејќи партнерот е во извесна криза, обидете се да му помогнете со своите совети. сега сте му најпотребни.

Јарец
Мисловниот процес е засилен. Согледувањето на најситните детали го решава проблемот. Во текот на денот се менуваат енергетските сокови од засилена сила, до бранови на малаксаност, па се советува одмор. не се заморувајте со работи на кои не можете да влијаете. Стрелецот ви помага со своите совети.

Водолија
Доколку некој се обиде да ве исфрли од такт, обидете се да го сочувате здравиот разум. Можни се нервози на работа и грижа врзана за домашните. Свртете се кон работите од кои можете да имате корист. Пречувствителни сте! Партнерот ве поддржува. Избегнувајте физички активности, зашто вирусите бараат одмор и витаминска исхрана.

Риби
Склоноста кон флерт е нагласена, па поведете сметка за тоа. Скандалот е нешто што моментално ви е најмалку потребни. Постигнувате нови искуства во духовните сфери, додека на материјално ниво не тече се’ така мазно. Приземните Риби, благодарение на иновациите, ќе имаат добро влијание на околината, особено кога се во прашање работата и парите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *