Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (21.02.2019)

Овен
Ќе бидете во ситуација да создавате хармонија во своето опкружување. Тоа ви се случува често, па оваа улога е необична, но сепак ќе ја исполните. Сфаќате дека луѓето немаат ништо против вас. Се она што им забележувате паѓа во вода. Многу Овни на извесен начин ќе бидат во врска со судство.

Бик
Денот е во знак на другите луѓе. Ќе бидете во ситуација да им правите услуги и нема да ви биде тешко, под услов тие да ги почитуваат вашите правила. Обидете се да размислувате за правилен начин на исхрана и одговорот за извесни проблеми ќе ги најдете во нервниот систем.

Близнаци
Имате среќа во љубовта, со децата, на берзата и во хобито. Поволните планетарни услови влијаат на поубавата сфера од животот, па ете го одговороз за доброто расположение. Доколку ги почитувате барањата на организмот и бидете активни, ќе бидете задоволни и успешни. Во спротивно, вината ќе ја префрлите на нешто друго.

Рак
Оптимистички сте расположени, бидејќи живеете во согласност со своите начела и од нив ни за момент не се отргнувате. Во односите со спротивниот пол можни се љубоморни сцени и диктаторско однесување. Не се чудете ако некое лице ве избегнува. Строги сте спрема себе, а спрема другите претерувате.

Лав
Ситуацијата бара компромиси. Со години ги прифаќате, па и денес слично ќе се однесувате. Избегнувајте површност спрема лицата кои тоа не го заслужуваат. Не сте објективни, така што се давате максимално онаму каде што не би требало, а забошотувате во најблиското опкружување.

Девица
Девиците поминуваат подолг период во потрага за вредности. Парите не се едноставно убави за нив. Не бидете патолошки скржави, ниедна особина која е претерана не е добра. Најдете средно решение, не само на материјален план туку и кога е во прашање исхраната. Почнете со диета.

Терезија

Уживате во убави работи. Бидејќи без причина сте незадоволни со изгледот, ќе се обидете нешто да промените, или ќе ја обновите гардеробата, или пак фризурата. Што и да направите, ќе биде полн погодок. Можеби сте помалку нарцисоидни? Но кога подобро ќе размислите во тоа нема ништо лошо.

Скорпија
Секогаш сте во ситуација на другите да им угодувате, па ќе посакате малку и тие да ви угодат вам. Многу припадници на знакот, бидејќи секогаш се незадоволни со партнерот, овие денови може да влетаат во непромислена авантура. Бидејќи нема да бидат во можност да ја направат официјална, добро нека размислат.

Стрелец
Бидејќи почнавте да летате во воздух и да ја губите почвата под нозете, постои опасност да застраните. Наредните денови пожелно е да бидете пореални, ако партнерот е реален, со време ќе го слушнете неговото мислење. Добро отворете ги очите кога пријателите се во прашање, можно е разочарување.

Јарец
Амбициозни сте, така што општествениот успех е нормален след на случувањата. Бидејќи убавите нешта се случуваат во комплет, ќе имате среќа и во љубовта. Благодарение на изразената смисла за дипломатичност, што инаку не е ваша јака страна, ќе го натерате партнерот да донесе одлука која би требало да влијае на врската.

Водолија
Под услов да ја ослушнувате сопствената интуиција, ќе донесете правилна одлука. Можат да ви се понудат работи врзани за страноство и учење. Бидејќи станува збор за добра заработка, прифатете ги сите предизвици. Немате што да изгубите. Опасноста е во вид на мрзливост и индиферентност.

Риби
Од партнерот ќе добиете подарок или нешто слично. Многу Риби ги очекува подобрување на финансиската ситуација, благодарение на наследството или штедењето. Доколку се занимавате со духовни работи, психологија или пишување, не бидете индолентни, туку фатете се за работа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *