Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (21.02.2019)

Овен
Ја контролирате својата сензуалност. Ја потиснувате напнатоста во љубовниот живот, бидејќи наидувате на сексуални и на љубовни ограничувања. Не е чудо, затоа што сте пречувствителни и со партнерот комуницирате на неадекватен начин. Мора да преземете нешто конкретно.

Бик
Се разгледувате од идеалистички агол, како и секогаш. А тоа доведува до разочарување, бидејќи ситуацијата никогаш не е така розова. Мора да вложите многу поголем напор и да бидете подготвени на одрекување доколку сакате да го решите проблемот.

Близнаци
Вашето моментално внимание е насочено кон домот и семејството. Размислувате како да ги подобрите условите за живеење. Дали ќе направите голем чекор и ќе се преселите или ќе купите дел од мебел што сте го наумиле. Се грижите за вашиот партнер.

Рак
Сакате да побегнете од се и да отпатувате. Токму патот ќе ви помогне да се олабавите и да заборавите на грижите што ги имавте во претходниот период. Мало невнимание може да предизвика големи последици, и тоа од материјална природа.

Лав
Вашето опкружување мисли дека се однесувате чудно. Партнерот се сложува со тоа и смета дека без причина сте непријатни и селективни. Иако се обидува да ви укаже на грешките, нема да успее во тоа. Барајте неутрални лица. Неопходна ви е помош.

Девица
Вашиот темперамент стапува на сцена. Не чудете се ако се чувствувате како жртва на насилство. За таквото однесување сте самите криви. Успехот несомнено ќе го постигнете, но не со леснотија како што мислевте. Избегнувајте брутални луѓе.

Терезија
Од срце сакате да бидете креативни на вистински начин. Тоа, пред се, се однесува на уметнички настроените припадници на знакот. Чувствувате силна привлечност спрема некого. Бидејќи ситуацијата е специфична, не е сигурно дека ќе дојде до нешто конкретно.

Скорпија
Ќе ви годи романтичната атмосфера и спонтаноста. Чувствувате потреба да се олабавите и да живеете, а притоа никој да не ве набљудува критички. Настојувајте да си дозволите друштво во кое ќе се чувствувате пријатно. Шегата, храната и пијалакот, сигурно ќе ве олабават.

Стрелец
Овие денови сте преокупирани со работата. Ако излезе проблем со работата, не го преувеличувајте, туку преземете нешто конкретно. Непотребната грижа никогаш не може да ви помогне. Препуштете им се на задоволствата, така ќе се олабавите.

Јарец
Бидете реални и не занесувајте се многу, барем не овие денови. Активностите сведете ги на разумна мера, одморајте се и дружете се со пријатни лица. Имунитетот е слаб, а склоноста кон настинки е евидентна.

Водолија
И понатаму сте во топ-форма, барем кога е работата во прашање. Свесни сте за целите и не се откажувате од нивната реализација. Посебно ви годи е чувството дека се може да работите слободно и никој да не ве спречува во тоа.

Риби
Ќе имате тешкотии при односите со околината. Морате да сфатите дека самите ги создавате проблемите, не знаете темелно да работите, а за тоа ги обвинувате другите. Обидете се да имате повеќе разбирање за се што ве опкружува.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *