Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (21.01.2022)

ОВЕН
Реагирате брзо и непромислено, аналогно на својот знак. Но, среќа и понатаму ве прати. Вашите реакции се спонтани и непромислени, но сосема исправни. Со леснотија ги решавате сите проблеми, особено оние врзани за далечно патување. Ви претстои успех и позитивен период.

БИК
Можни се погрешни одлуки и идеи на љубовен план. Би било препорачливо постојано да сте со саканата личност и да бидете подготвени за соработка доколку сакате да ги избегнете или надминете проблемите. Обратете внимание на својот имунитет бидејќи постои зголемен ризик од инфекции на бибрезите и жлездите.

БЛИЗНАЦИ
Зацртавте премногу цели пред себе, па постои веројатност да се изгубите во нив. Мора да бидете реални кога се во прашање потребите и можностите. Само на тој начин ќе ги избегнете проблемите со нервите и конфликтните ситуации со околината. Партнерот секогаш е дежурен виновник, па можни се проблеми и со него.

РАК
Не сте во склад со соптвените потреби, а тоа е резултат на расплинетоста помеѓу желбите и можностите. Бидејќи оваа состојба почна да ве нервира и оптеретува, намалете ги потребите и активирајте се како би нашле нови материјални можности. Можни се проблеми со видот, па добро би дошол совет со офтамолог.

ЛАВ
Упорно се обидувате да се усогласите со Раковите. Доколку приметите дека не иде, не инсистирајте, очигледно се работи за дисхармонија. Фокусирајте се на личности со кои лесно можете да најдете заеднички јазик, Ваги на пример. Вашиот постојан партнер ви ветува спокој, но пак доколку имате нова љубов таа ќе ве прави дополнително несигурни. Ве очекува јавен настап.

ДЕВИЦА
Вложувате натчовечки напори за да постигнете минимални резултати, па прашање е колку тоа воопшто се исплати. Препорачливо е да го сочувате она малку кое го имате, а тоа е физиката кондиција. Не се нервирајте за глупости и обидете се да бидете внимателни во комуникација со околината. Посебно внимавајте како се однесувајте во сообраќајот.

ВАГА
Не ви е лесно, но што да се прави? Доколку рационално сте ги користеле психо-физичките потенцијали, многу полесно ќе испливате од проблемите кои се од здравствена природа. Кога сте во лош фазон ја одбивате околината од вас или се создаваат додатни компликации. Тешете се, бидејќи веќе утре ќе биде подобро.

СКОРПИЈА
Ќе ја остварите зацртаната цел доколку вложите дополнителен напор. Но, кога подобро ќе размислите, ќе сфатите дека залудно сте се мачеле. Бидејќи резултатот од таа цел ќе биде минимален и нема да уживате во постигнатиот успех. Водолиите ви нудат многу љубов, но и неизвесност. Сепак, прифатете понуда за состанок.

СТРЕЛЕЦ
Доколку не бидете внимателни може да дојде до повреди. Сето тоа поради вишокот на енергија. Избегнувајте да извршувате повеќе работни задачи во исто време, бидејќи преоптереноста има своја цена. Бегајте од луѓе и ситуации кои будат агресија во вас. На емотивен план можни се нервози.

ЈАРЕЦ
Не дозволувајте депресијата да чукне на вашата врата. Фокусирајте се на некое хоби и на луѓе кои на вас делуваат позитивно, а избегнувајте сè што ве депримира. Можни се емотнивни проблеми, или пак вие ги гледате таму каде што реално не постојат. Тие се само во вашата глава како последица на несигурност и преосетливост. Со Рак ве очекува сериозен разговор.

ВОДОЛИЈА
Новите предизвици се одличен начин да ги избегнете стресовите и нервозите кои периодов ве оптоваруваат. Емотивната сутуација е доста интересна: една Скорпија на голема врата влегува во вашиот живот обидувајќи се од корен да ве смени. Настојувајте да го совладате неоснованиот страв од губење на личната слобода.

РИБИ
Зошто сте толку лесно ранливи? Тешко е сознанието дека немате личност на која може да се потпрете и да се пожалите за нештата кои ве мачат. Но, и другите се во слична ситуација така да не се разочарувајте. Обидете се да најдете заеднички јазик со саканата личност. Можеби токму таа личност нуди решение за сите ваши проблеми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>