Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (20.10.2017)

Овен
Не трошете си го времето бадијала. Можни се патувања во странство. Здравствената состојба е одлична, но не претерувајте со алкохол. Партнерот ја поддржува секоја ваша идеја, искористете го тоа. Дружењето и забавата нема да бидат штетни, особено со креативни луѓе.

Бик
Морате да бидете внимателни на работното место, бидејќи некој од соработниците ќе сака да ве намести. Потрудете се да ја проверите секоја информација. Доколку сакате да избегнете посериозни здравствени проблеми, потрудете се да се смирите. Односите со партнерот не се баш сјајни, затоа научете да бидете трпеливи.

Близнаци
Сакате се сами да постигнете и тоа ви успева. Ако сакате да постигнете успех, научете да бидете трпеливи. Морате да бидете внимателни со здравјето, бидејќи организмот не трпи многу замор. Прифатете го секој предлог од партнерот и покрај тоа што врската не ви оди во нагорна линија.

Рак
Големи се шансите да добиете поголема функција. Бидете упорни и не пропуштајте ја оваа можност. Здравствената состојба не ви е најдобра, внимавајте на бубрезите. Во љубовта имате слатки маки кои лесно ќе ги пребродите. Откако ќе ги согледате овие работи, ќе сфатите дека беспотребно сте се нервирале.

Лав
Голем дел од пријателите се подготвени да ви помогнат во секој момент. Опкружени сте со вистински луѓе. Бидете внимателни со здравјето, а особено со ‘рбетниот столб. Се препорачува да спортувате. Односите со партнерот се непроменети, затоа потрудете се да направите незаборавни моменти.

Девица
Наидувате на проблеми кои се беспотребни. Потрудете се да се смирите и да функционирате во најдобар ред. Здравствената состојба не ви е задоволителна, бидејќи се можни проблеми со дишните патишта. Најдобро би било да бидете конкретни со барањата кон партнерот.

Терезија
Копнеете за промени во секој поглед. Ова е период на мрзеливост, затоа и не очекувајте некакви спектакуларни промени. Бидете трпеливи и се ќе си дојде на свое место. Имате проблеми со имунитетот, посветете си целосно внимание и внесувајте овошје и зеленчук. Несигурни сте кон партнерот.

Скорпија
Преокупирани сте со успехот што сакате да го постигнете. Ако продолжите со вакво темпо, може само да се разболите. Организмот сака одмор кој морате да му го дадете. Внесувајте повеќе течности. Партнерот ве разбира за се, но не и за тоа што го запоставувате.

Стрелец
Преку глава ви е од работните обврски, па размислувате за патување. Потрудете се да го реализирате, но не олабавувајте се премногу. Бидете внимателни со пороците кои може многу да му штетат на организмот. Партнерот не ви обрнува многу внимание, затоа и вие дистанцирајте се и најдете нов вид забава.

Јарец
Дозволено ви е да се релаксирате, бидејќи успеавте да ги завршите сите дадени задачи. Бидете внимателни со соработниците. Не внесувајте слатки работи, можни се проблеми со покачено ниво на шеќер во крвта. Партнерот во целост ја разбира вашата преокупираност, но посветете му малку внимание.

Водолија
Имате многу обврски кои поради лошата здравствена состојба не можете да ги завршите. Потрудете се добро да се одморите и да соберете енергија за нови битки. Ве очекува средба со интересно лице кое ќе биде назаборавна авантура за вас. Внимавајте со емоциите.

Риби
На деловно поле ве очекуваат непланирани обврски. Бидете трпеливи и истрајни до крај ако сакате да ги реализирате идеите. Здравствената состојба не е лоша, но мора да одите почесто на контроли. Бидете внимателни со крвниот притисок. Ве очекува интересна авантура. Не пропуштајте ја шансата за сериозна врска.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *