Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (20.06.2019)

Овен
Ќе имате прилика да испливате од финансиската криза за некој ден, доколку прифатите да соработувате со другите и ја поделите заработувачката. Нов деловен пртнер, моментално ви е единствен излез. Здравјето е малку подобро.

Бик
Полето на кариерата е стабилно, но денеска олекувајте дека тешко ќе успеете да се договорите со колегите. Постои можност да дојде и до сериозни меѓусебни расправи. Партнерот е се поблизу до решение на проблемите.

Близнаци
Здравствната криза се уште не минала, па немојте да форсирате, ниту да се нервирате без потреба. Обврските можат да чекаат. Искористете го слободното време колку што е можно покреативно и добро одморете се. Помали издатоци.

Рак
Имате потреба несогласувањата да ги решите дипломатски, но едноставно разни ситуации бараат да бидете малку поостри. За малку да се растоварите и олабавите, излезете со пријателите.

Лав
На полето на кариерата е се во ваши раце. Подолг период можете да бидете спокојни, зашто деловните успеси ќе бидат се почести. Постои можност да излезете со пријателите и да запознаете многу привлечна личност.

Девица
Наредните неколку денови ќе имате најголем проблем на полето на комуникациите. Ќе биде тешко да се избегнат конфликтите со семејството и со членовите на семејството. Ако возите, внимавајте да не направите прекршок.

Терезија
Ако последните неколку дена партнерот бил на пат, денеска очекувајте убава средба. Разделеноста донела мали проблеми, но сега на се ќе заборавите. На полето на финансиите и понатаму е нестабилно.

Скорпија
Партнерот има некои недоумици што го засегаат вашиот однос, кои не се предизвикани од вашето однесување, туку се резултат на туѓи приказни. За некој ден ќе имате прилика со разговор да ги решите проблемот. Здравјето е подобро.

Стрелец
Постои можност некој што живее во странство да ви испрати поголема сума пари. Ќе имате можност да финансирате поголем дел од она што го посакувавте. Партнерот е посветен на работата повеќе од порано.

Јарец
Сигурни сте во себе и во своите можности, но по малку сте и брзоплети, што не е добро за работата. Во семејството моментално е добро, но проблемите се на повидок. Намалете ги активностите и одморајте повеќе.

Водолија
Доколку немате трпение за работата, очекувајте се поголеми проблеми. Трошете помалку пари на излегувања и непотребни работи. Во љубовта за сега е добро. Ве привлекува некој со кого се дружите.

Риби
Ги имате сите можности почесто да патувате во странство, па поволните понуди не ги пропуштајте. Средбата што ви претстои, ќе разбуди кај вас емоции кон личноста која долго не сте ја виделе.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *