Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (20.04.2019)

Овен
Се обидувате да се релаксирате. За жал, тоа тешко ви успева, бидејќи се уште сте под забавената реакција на стрес. Зголемената нервоза е последица на планетарните аспекти. Кога ќе поминат, можете да се препуштите на радоста и да здивнете.

Бик
Успевате некого да убедите, иако сте скептични. Самите се чудите колку имате влијание на околината, колку сте прифатени со задоволство. Доколку досега тоа не сте го сфатиле, или немало можност или сте биле глуви за мислењето на околината.

Близнаци
Искористете ја длабочината на мислите и моќта на концентрацијата максимално. Свртете се кон нештата што ги бараат овие особини, бидејќи ги немате во доволна количина. Можеби по мислењето на другите функционирате бавно, но важно е да се фати ритамот.

Рак
Тажни сте. Некој може да ја искористи оваа состојба и да ве злоупотреби. Незадоволството со љубовниот живот само е последица на здравствениот проблем врзан за жлездите и за хормоните. Тие, главно, влијаат на лошото расположение и негативниот став.

Лав
Полни сте со идеи. Не седете со скрстени раце, туку се фрлате во акција. Бидејќи се се врти околу љубовта, размислувате за тоа како да ги изградите разурнатите мостови, но и за уметнички креации. Хобито со кое се занимавате го доведувате до перфекција, што ве прави задоволни.

Девица
Им излегувате на сите во пресрет. Слободните моменти ги поминувате во драго друштво и зрачите со оптимизам. Од каде толкава промена во расположението? Па, нормално кога ја пребродивте финансиската криза. Свесни сте за сопствените вредности само доколку паричникот е полн.

Терезија
Кој вели дека Терезиите не се романтични знаци. Го поминувате денот покреативно од обично. Уметнички сте инспирирани, љубовно инспирирани, подготвени сте за големи дела. Доколку не ги остварите, барем ќе бидете исполнети со среќа.

Скорпија
Размислувате на примитивен начин, раководени од импулсите. Бидејќи сакате да задоволите некои ниски страсти, не избирате средства да го остварите она што сте го наумиле. Ќе бидете во ситуација кон некого да заземете заштитнички став.

Стрелец
Сигурни сте во целта. Настојувате да истраете. Користете создавачка сила на адекватен начин, првенствено давајќи наклоност и љубов на многумина. Чувствувате потреба за попустливост, што не е ваша силна страна. Во очекување сте на некои пари, не грижете се ако доцнат.

Јарец
Склоноста кон уметност и желбата за водење љубов се евидентни. Уште ако сте во состојба сето тоа да го реализирате… Остварете барем нешто, само така ќе се чувствувате исполнети. Бидејќи од партнерот го барате невозможното, пожелно е да се спуштите на земја. Бидете задоволни со она што го имате.

Водолија
Во конфликт сте самите со себеси. На момент се изгледа во ред, но набрзо чувствувате незадоволство. Должностите и семејството ве обврзуваат да го запоставите хобито, а тоа ги засилува внатрешното незадоволство и грижата на совест. Побарајте совет.

Риби
Иако чувствувате вознемиреност, остварувате добар однос со родителите, партнерот, пријателите. Тие ви се неопходни како лек за преминување на состојбата во која се наоѓате. Зголемените потсвесни феномени обидете се да ги протолкувате на правилен начин.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *