Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (20.03.2019)

Овен
Сакате да имате внатрешен мир. Определена ситуација ве тера да размислувате за својата супериорност. Бидејќи другите треба да го проценат тоа, побарајте совет. Во однос на работата ситуацијата се нормализира. Со интелектуална стабилност ги завршувате работите. Внимавајте да не се повредите.

Бик
Рационално ги испитавте сите варијанти, но не можете да најдете вистинско решение. Проблемите се зголемуваат со неверојатна брзина. Оваа недела бара трпение. Деловната ситуација моментално не е баш одлична. Засега ќе мора да се задоволите со стандардната заработувачка. Внимавајте да не настинете.

Близнаци
Закрепнувате од напорната работа, но тоа ви оди прилично бавно. Меѓутоа, вие сакате тоа да се случи веднаш. Радоста ја делите со блиските лица. Ви се нудат нови деловни можности во врска со странство, за среќа, финансиската ситуација се подобрува. Доколку имате гинеколошки проблеми или проблеми со уринарните патишта, веднаш одете на лекар.

Рак
Нешто мора да промените ако сакате да излезете неповредени од ситуацијата. Тешко уочувате во што грешите, а околностите укажуваат на тоа дека грешите многу. Исцрпени сте, па идната недела е поволна за собирање сила за нови работни задачи. Ве блокираат и ве оптоваруваат извесни работи.

Лав
Размислувате за селидба или за адаптација на животниот простор. Доколку има шанси да го одложите тоа, стрпете се уште малку, па с? ќе биде многу поедноставно. Имате многу работа, а тоа бара трпение. Имате потреба за тимска работа, резултатите ќе бидат видливи ако се придржувате на правилата. Заморот е последица на напорниот и плодоносен труд.

Девица
Размислувате да учествувате на разни забави, па дури и самите да организирате некоја. Сакате празнична атмосфера. Го сакате тоа со што се занимавате, па на проблемите гледате без паника. Внимавајте на неконтролираната исхрана. Во однос на ова прашање благо се олабавивте, не јадете меѓу оброците. Со партнерот сте во одлични односи.

Терезија
Се наоѓате во фаза на промени. С? уште не сте преминале од зборови на дела. Внимателно планирате што ќе правите во иднина. Се надевате на финансиски успех. На работа вешто манипулирате. Со минимален напор остварувате максимални резултати. Што сакате повеќе? Околностите ви одат од рака.

Скорпија
Идните денови настапува одмор, ќе земете здив од напорната недела, многу проблеми во последно време не ве оставаат на мир. Секогаш имате малку пари, а за вас тоа е нормално. Често ве фаќа потрошувачка треска. Здравствената состојба ви е добра. Хиперактивни сте, па болките во нозете ве предупредуваат дека треба да го намалите темпото.

Стрелец
Пред вас се нови почетоци. Одлуката да ставите точка на она што ве оптоварува е дефинитивна. Немате нерви, а ни време да се оптоварувате со туѓи проблеми. Работата бара дополнителен ангажман. Во прв план се креативните способности, па во нив наоѓате задоволство. Истовремено ја храните суетата. Стресовите се евидентни.

Јарец
Ве плисна бран на нови почетоци. Настојувате да ги прифатите промените како нормална последица на настаните. Опседнати сте со работата и со подобрувањето на финансиската ситуација. Очекувате многу изненадувања. На здравствен план ќе имате нарушување на рамнотежата во организмот. Ви се препорачуваат повеќе прошетки.

Водолија
Доаѓате до решенија кои порано не ви паѓаа на памет. Уште кога би биле истрајни да ги реализирате! Ви се препорачува да бидете претпазливи од манипулации и игри на работното место. Разни приказни се вртат околу вашето име. Давате непромислени изјави, па затоа и има последици.

Риби
Ве заплисна силен бран на оптимизам. Свесни сте за погодностите, но и за фактите дека треба да ги прифатите. Благодарение на внатрешната хармонија, ве очекува одличен период. Проблеми може да имаат само оние што не ги разрешиле проблемите на вистински начин. Ако планиравте хируршка интервенција, обидете се да ја одложите на извесно време.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *