Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (20.02.2018)

Овен
Како што секогаш се случува кај вас, неочекувано се јавува потребата за сетилни задоволства, проследена со желбата саканата личност да ја држите под контрола. Доколку таа и најмалку се спротивстави, ќе има неволји. Треба да се биде оптимист и да се надевате само на најдоброто, па подгответе се за забава, со многу љубов и галење.

Бик
За успешната соработка, заблагодарете се за енормните количества шарм, со помош на кои ги совладувате сите пречки. Колегите немаат срце да ве одбијат, а партнерот прави се’ за да ве придобие. Денот е во знакот на пријатни возбудувања и тоа оние што се однесуваат првенствено на љубовта. Чувството дека сте сакани годи.

Близнаци
Немате јасна претстава за сериозноста на претстојните настани. Фантазирате и се занесувате, но не сте свесни за можните компликации. Се советува внимание не само кога се во прашање финансиските трансакции, туку кога станува збор и за потпишување договори. Конфузната состојба во која се наоѓате може да доведе до помали тешкотии доколку не преземете мерки на внимателност.

Рак
Љубопитни сте и добро информирани, па можеби затоа пријателите ви се обраќаат за совет. Добро знаете кој е најевтиниот начин да дојдете до она што го сакате. Бидејќи другите почнаа да ве заморуваат, исклучете го телефонот и во самотија обидете се да се регенерирате. Наскоро ќе се чувствувате препородено.

Лав
Чувствувате потреба за размена на идеи. Веќе на првиот чекор настапуваат разочарувања. Мора да бидете свесни дека моментално смислата за комуникација не ви е појака страна. Исто така се советува поголема доза на објективност, зашто почнавте по малку да застранувате. Можеби оттаму потекнуваат недоразбирањата со околината?

Девица
Интуицијата ви говори како треба да се однесувате. Доколку го слушнете нејзиниот глас, ќе имате шанса да ги избегнете проблемите. Претчувствувате во која насока тие ќе се одвиваат и правите се’ да ги санирате. денот е добар и за работи што вклучуваат имагинација. Одличен ден за глума, па не е исклучено дека ќе се преправате.

Терезија
Убаво изгледате и уште подобро се чувствувате. Со оптимизам гледате на некои случувања поради кои до вчера се стравувавте. Бидејќи наскоро ве очекува прослава, било да сте организатор или учесник, подгответе поголемо количество пари. Ако тоа не ви појде од рака, партнерот е тука, како и обично, да го подметне грбот.

Скорпија
Засилено реагирате во кризни ситуации. Ви недостасува решителност, па незадоволството комбинирано со страв, го манифестирате во вид на стрес. Ситуацијата на работа е под строга контрола. На сцена настапува изразена напнатост, кога е во прашање љубовта.

Стрелец
Полни сте со сила и оптимизам во борбата со проблемите. Ги совладувате сите предизвици. Бидејќи се чувствувате повеќе од фантастично, обидете се да ја одржите оваа состојба колку што е можно подолго. Не оптоварувајте се со глупости и не планирајте однапред нешто што не е во ваша надлежност. Ќе бидете отворени за привлечни настани, но мора да бидете смирени.

Јарец
И натаму постои опасност од повреди и операции. Уште ден-два бидете внимателни и ќе ги избегнете сите непријатности. Во спротивно, последиците можат да бидат непријатни. Полесно ви е да се смирите неколку дена отколку да имате проблеми. Бидете подалеку од Водолиите и од Овновите како соработници.

Водолија
Се наоѓате во состојба на емотивна напнатост. Причината за таквото расположение е навистина индивидуално: вљубени сет, сте претрпеле благ шок, болест или во најлош случај, загуба на сакана личност. Размислувајте за промена на средината. Обидете се да го смените пристапот на околностите и да биде потолерантни кон сите.

Риби
Имагинативните можности се изразени, смислата за уметност и паранормални феномени е исклучително силна. Бидејќи почнавте да ја заобиколувате вистината, се советува доколку не морате, да не конструирате настани. Пријателите и партнерот сфатија некои ваши слаби страни, па веќе нема да можете да ги залажувате.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *