Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (19.07.2019)

ОВЕН
Денеска ќе имате успех во се’, а посебно во љубовниот живот. Затоа јавете и’ се на симпатијата и шармирајте ја. Би можело да ви се случи љубов на месецот, зашто тешко е вам да ви се случи љубовта на животот. Којзнае, можеби и вие конечно ќе им се препуштите на телесните уживања…

БИК
Се’ што сакате и посакувате денеска можете да го остварите без никаков проблем. Сега, добро, можеби ако посакате да станете претседател на Америка, нема да ви се исполни, но реалните желби сигурно нема да ве разочараат.

БЛИЗНАЦИ
Денешниов ден е полн со промени и изненадувања. Некои од нив ќе бидат добри, а некои нема. Што се однесува до добрите, ќе ви стигне некоја неочекувана финансиска добивка, која веднаш ќе ве инспирира на шопинг. А кога вие ќе појдете по продавници…

РАК
Полни сте со енергија и ентузијазам, така што сите посакуваат да бидат во вашето друштво. Заразни сте, го пренесувате доброто расположение врз околината и се забавувате. Доколку имате некое барање до вашите најблиски, побарајте денес зашто нема шанси да ве одбијат.

ЛАВ
Ќе се соочите со проблем од финансиска природа, посебно ако работите некоја голема работа за мали пари. Некој ќе се сети дека не треба да ви ги даде ниту тие пари. Замислете! Не молчете, покажете ја својата сила и авторитет. Ќе видите како ќе се сменат работите.

ДЕВИЦА
Денешниот ден, дефинитивно, искористете го за љубов. Ако немате животен партнер, наговорете ја вашата драга пријателка или пријател да ви договори состанок на слепо. И имајте на ум дека не треба да судите веднаш по првиот впечаток.

ТЕРЕЗИЈА
Ќе дојдете во искушение да направите нешто радикално. Подолго време размислувате за истата работа, но се уште собирате храброст да го сторите тоа што сакате. Неодлучни сте, но дај барем денеска истуркајте ја работата до крај.

СКОРПИЈА
Дефинитивно не се дружите со обичните смртници. Сите ваши пријатели се специфични и што е најдобро од се, ве инспирираат за повеќето потези во животот. Ако денеска се најдете во ситуација да донесете некоја одлука, јавете им се на пријателите.

СТРЕЛЕЦ
Кога последен пат сте направиле генералка и сте ги фрлиле сите работи што не ви требаат? Без оглед на тоа што секое парче од нив се врзува за некого или за нешто, расчистете ги плакарите. Ако ви е полесно, имајте на ум дека на нивно место ќе дојдат нови и убави работи.

ЈАРЕЦ
Денов е идеален за работа дома. Ќе ве фати манија за преместување на мебелот, а тоа ќе ве доведе во конфликт со некого од вашата близина кој не се согласува со промените. Тргнете во акција рано, зашто кон крајот на денот ќе се чувствувате исцрпено.

ВОДОЛИЈА
Ќе имате неодолива потреба да играте валкано и подло. Само продолжете така, но имајте на ум дека и другите играат како вас и не се невини. Може да ви се случи да почнете со многу ниски удари, па затоа подгответе се со време.

РИБИ
Идеален ден за промена на работното место. Ако не ја сакате работата со која моментално се занимавате и ако секое утро имате проблеми со излегувањето од дома, свртете неколку телефонски броја. Повеќе од сигурно е дека ќе добиете добра деловна понуда.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *