Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (19.03.2018)

Овен
Кај вас се’ се случува непланирано. Вчера палевте и жаревте, а денеска живуркате. Се разбира, кога се префорсиравте и потрошивте огромни количества енергија. Многу припадници на знакот ќе имаат кардиоваскуларни пречки, кои може да ги подзапрат во активностите. Познат е начинот на нивно санирање: обратете се на стручњак.

Бик
Плановите само делумно паѓаат во вода. Не е пријатно, но што да се прави. Можни се пречки и субјективни проблеми, според годините и интересот. Но знајте дека ситуацијата е минлива, па стрпливо почекајте. Пожелно е да не се обраќате на лекар, заради можност од погрешна дијагноза.

Близнаци
Во вечната потрага по нови содржини, барем не ви е здодевно. Во ситуација сте да се снаоѓате со помош на „стап и коноп“, но крај ја остварувате саканата цел. Примена на иновации е можна, но стрпете се и почекајте уште некој ден. Обидете се колку што е можно помалку да се нервирате.

Рак
Доколку се занимавате со креативна работа, деца, рекреација и хоби – можете да бидете задоволни. Се’, на што можете непосредно да влијаете, е под контола, но не и она што зависи од другите. Затоа, можни се нервирања. Некој на кого се потпирате, не ги почитува правилата на игра. Веројатно тоа е партнерот.

Лав
Се чувствувате изневерено, зашто многу очекувавте. Потребна е извесна резервираност ако сакате да бидете задоволни. Бидејќи постои опасност од финансиска загуба, се советува внимателност при ракувањето со пари и хартии од вредност. Не е време за заеми – нема да ви се вратат.

Девица
Повеќе ви годат работи кои бараат ментален ангажман, отколку физичка активност. Затоа размислувајте како да воведете иновации и да си го олесните себеси трудот. Мора да го засилите вниманието во комуникацијата, поради можност од повреди и насилни потези од страна. Вие не сте агресивни, но околината е таква.

Терезија
Нагласените идеалистички тежнеења може да се изјаловат. Реалноста е посурова отколку што можете да претпоставите. Се нервирате на повеќе страни. Партнерот ве убедува дека сте во право, цените скокаат, а пари никогаш доста. Бидејќи здравјето ви е загрозено, посветет му внимание, зашто можне е важно за понатамошното функционирање.

Скорпија
Свесни сте дека само со максимално ангажирање може да постигнете резултати. Бидејќи сте тврдоглави и упорни, сите активности се насочени кон тоа. Немате време, ниту трпение да го чекате поволниот момент, кога се’ би требало да се одвива мазно. Морате по секоја цена да го решите проблемот сега и веднаш, макар и да бидете во загуба.

Стрелец
Со молневита брзина ги завршувате работите. Бидејќи сте растргнати на повеќе места, концентрацијата не ви е најдобра. Нервозата стана нормална работа. Морате да бидете повнимателни и посмирени, зашто опасноста демне во вид на незгода, повреда, или во краен случај може да ви проработи чирот. само со мудри потези можете да ја избегнете опасноста.

Јарец
Немате причина за загриженост. Ѕвездите не ви се наклонети, но тоа што на моменти ве фаќа депресија, комбинирана со мрачни мисли, е само последица на лошите планетарни влијанија. Доколку сакате да се ослободите од нив, сменете го ритамот. Одете порано на спиење, станете порано, а повеќе време минувајте на свеж воздух.

Водолија
Периодот за добра заработувачка искористете го така што обврските на партнерот ќе ги превземете врз себе. Пари ќе имате наскоро. Бидејќи станавте конфузни и тешки, можни се судири со оние со кои ги делите интересните сфери. Нема место за љубомора, зашто сте во подобра позиција, освен ако конкурентот не е во вашиот знак.

Риби
И понатаму сте во прилика да се дружите со Скорпии. Планетарните влијанија навестуваат дека тоа ќе трае подолго време. Таа – тешка и посесивна, вие- матни, па кој подолго ќе издржи. Доколку ви здодее – како по обичај, вие ќе се измолкнете и ќе исчезнете. Не сте борец во онаа мерка, во која моменталната ситуација тоа го бара.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *