Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (18.12.2017)

ОВЕН
Емотивно реагирате во погрешно време и на погрешен начин. Сфатете ја ситуацијата и обидете се да ја пребродите кризата со сериозна акција. Нервирањето не води никаде, туку само ви штети, како на физичкото така и на психичкото здравје.

БИК
Бидејќи ви треба многу поголем напор отколку што замислувавте за да ја пребродите кризата – не се чувствувате најдобро. Важно е дека проблемот ќе биде решен, а недоразбирањето со спротивниот пол – разјаснето. Не настојувајте да ја истерате правдата по секоја цена.

БЛИЗНАЦИ
За припадниците на овој знак денеска ќе се појават дополнителни проблеми, кои се однесуваат на сите животни сегменти. Нема сомнение дека успешно ќе ги надминете благодарение на вашата трпеливост и смирено однесување. Продолжете така.

РАК
Ако имате здравствени проблеми, обидете се да гледате смирено на ситуацијата. Нема потреба од паника, најважна е дијагнозата – штом се постави, за се’ има лек. Бидејќи сте идеалистички расположени не ја сфаќате сериозноста на ситуацијата. Можеби е така подобро.

ЛАВ
Имате одлична соработка со околината, среќни сте и задоволни. Не е ни чудо, зашто по којзнае кој пат сте заљубени, ако не во некој друг, тогаш во себеси. Оздравувате од болеста која во последниов период беше дел од вашето секојдневје. Се чувствувате преродено.

ДЕВИЦА
Бидејќи им помагате на другите, по обичај тоа го правите крајно несебично. Единствено што може да ве заболи е фактот што кога вам ви треба помош, нема кој да ви помогне. Никој не ви е виновен, самите си создадовте таква слика за себе.

ТЕРЕЗИЈА
Активни сте и енергични така што го остварувате сето она кое ќе ви падне на памет. Конечно сфативте дека одлично функционирате во тим, а не сами. Денеска ќе се впуштите во разни комбинации и од нив ќе извлечете корист. Не дозволувајте некој да ве вознемири без потреба.

СКОРПИЈА
Ќе остварите успех во професијата за која сте специјализирани, но и во останатите сегменти од животот. Ве очекуваат интересни контакти и познанства. Главата ви е полна со различни впечатоци. Некоја нова личност полека ги освојува вашите симпатии.

СТРЕЛЕЦ
Идеалистички сте настроени. Се наоѓате во состојба на среќа за која немате конкретни причини. Бидете внимателни при работата со пари. Рационалното трошење е препорачливо, а влезот во инвестиции може да почека на некои подобри времиња.

ЈАРЕЦ
Пред вас е релативно напорен ден во секој поглед. Само смирена личност може да го извади максимумот од денешните случувања. Зар не сте вие такви? Рационални сте, трпеливи и се’ што правите го правите до перфекција.

ВОДОЛИЈА
Бидејќи имате чувство дека околината се однесува свирепо кон вас, добивате желба да возвратите во иста мера. Мора да разработите тактика, зашто денешните проблеми се посериозни отколку што претпоставувате. Сакате да доминирате врз партнерот.

РИБИ
Доколку не можете да се впуштите во авантура – ќе сонувате. И така, додека другите уживаат во животот, вам можностите ви минуваат пред очи. Поубаво ви е во светот на фантазијата, нели? Мора да бидете поактивни и јасно да ги спроведувате идеите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>