Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за 18.11.2019 (понеделник)

Овен
Субјективно ги толкувате доживувањата на деловна сцена. Без добар план и процена нема ни добар успех. Склони сте кон некои променливи емотивни расположенија. Добивате поддршка од кругот на вашето семејство која ќе влијае стимулативно на вас.

Бик
Сакате да ги постигнете сите обврски во повеќе сфери, но наидувате на некои компликации. Правилно усогласете ги професионалните желби и можности. Доколку се сомневате во некои намери, осмислете некоја тест-ситуација. Потребна ви е нечија поддршка и поткрепа.

Близнаци
Важно ви е да ги проширите своите видици, и професионално да се усовршите во повеќе правци. За среќа, вашите работни навики влијаат позитивно на околината. Добро размислете кој најдобро ќе се вклопи во вашиот љубовен профил.

Рак
Ангажирани сте на повеќе страни и дејствувате претенциозно во средбите со вашите соработници. Размислете за еден вид креативен одмор, бидејќи ќе ви биде потребен. Станувате незадоволни кога вашите планови не се движат во саканата насока. Не грижете се, сето тоа може да се среди за кусо време.

Лав
Благодарение на вашата добра процена и работна стратегија, ве очекуваат само позитивни резултати. Понекогаш не ги разбирате маните на партнерот и неговото чудно однесување. Потребно е да покажете добра волја и дополнително разбирање за нечија слабост.

Девица
Се наоѓате во одлична психофизичка форма. Најдобро се чувствувате во друштво кое има слични идеи и ставови со вас. Доколку сте слободни, ќе се појави една личност која ќе ги разбуди емоциите кај вас. Спремете се за нови предизвици.

Терезија
Дејствувате одлучно, и упорно ги браните своите ставови. Обидете се да ја потиснете својата професионална суета. Чувствувате емотивен занес и инспирација, но, за жал, ви недостасува можност да го изразите тоа.

Скорпија
Дозволете им на другите да се докажат во новите експериментални ситуации. Во љубовта ќе ви биде пријатно нечие присуство, но сакате да оставите простор и за некои паралелни обврски. Добро проценете ги своите можности, пред да преземете нови иницијативи.

Стрелец
Очекувате позитивен одговор од вашите деловни соработници, со кои ве врзуваат заеднички работни интереси. Обидете се да постапите во согласност со своите морални начела. Вистинските вредности секогаш имаат екстра-цена, прифатете го ритамот или изборот на своето срце.

Јарец
Се наоѓате во фаза на креативен развој. Во средбите со вашите соработници имате јасни визии, и умеете добро да ги процените нештата кои доаѓаат. Во љубовта ве очекува мало заладување, па побарајте го решението на некоја друга страна. Не возбудувајте се за некои погрешни впечатоци.

Водолија
Дејствувате снаодливо и сугестивно врз вашата околина. Можни се само некои спорни моменти со вашите соработници во врска со вашата работа. Немате потреба од дополнителни компликации на емотивно поле. Свртете го своето внимание кон ведри теми.

Риби
Чувствувате умор и недостиг од волја да се соочите со некои работно-финансиски проблеми. Но, за среќа, ве очекуваат позитивни промени поврзани со материјална добивка. Се чувствувате пријатно во нечие друштво, бидејќи успевате да создадете фантастична атмосфера.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *