Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (18.11.2017)

Овен
Во фаза сте на вљубување и потреба за уметничко истражување. Искористете ја поддршката на планетите, тргнете во освојување. Ја остварувате целта и доживувате незаборавни моменти. Кога подобро ќе размислите, нив ги имате премногу.

Бик
Мислите дека никој не ве разбира. Тоа не би било толку голем проблем да не се разочаравте и во партнерот. Пред вас е многу работа, а малку помош од партнерот. Ве нервира мрзливоста. Ако се здруживте со некој воден знак, ќе имате подобра среќа.

Близнаци
Не сакате партнерот да ве гуши, па ќе реагирате на најмалиот обид тоа да го стори. Преокупирани сте со пари, така што денешните емоции се насочени кон парите повеќе отколку на саканата личност. Парите може да ви побегнат, а луѓето не. Барем не брзо.

Рак
Бидејќи вашите постапки извираат од страста, можни се разочарувања. Размислувате конструктивно, а не емотивно. Врската во која се наоѓате се заснова на физичка привлечност, или барем фантазирате за тоа. Не живејте во минатото, свртете се кон иднината.

Лав
Бурните емоции ги насочувате на пријателите, и тоа поради несогласување. Не умеете мирно да реагирате, туку им ја фрлате вистината в лице и ги шокирате. Тоа многу често ви се случува, а не сте свесни кога на другите им е непријатно.

Девица
Уметнички сте ориентирани, емотивно задоволни. Истрајни сте во решавање на деловните стапици, јасно ги согледувате. Скромно ги признавате резултатите, давајќи до знаење дека и другите ви помагале, тоа е невообичаено за вас.

Терезија
Разумот конечно победи. Се’ останато е во втор план. Сите одлуки ги донесувате со глава. Бидејќи потребата за ред е изразена, се трудите се’ околу себе да подредите во одлична хармонија. Работите бараат методичност и трпение. Оние од вас кои се обезбедени на емотивен план немаат проблеми.

Скорпија
Го менувате предметот на интерес, преокупирани сте со нови содржини. Се обидувате нешто да научите и тоа да го примените практично, и тоа се’ со цел подобро да функционирате. Постојано се трудите да ги подобрите животните услови.

Стрелец
Напорна работа во која доаѓате до потполн израз. Сите замки успешно ги решавате. Се занимавате со истражувачка работа и детали, кои бараат темелност, за што вие сте вистински мајстор. Се снаоѓате и околу семејните прашања, не сакате никого да повредите со сопствените чувства.

Јарец
Побарајте ја главната причина за сите свои постапки во потсвеста. Морате да посветите повеќе внимание на менталното здравје и да почнете да размислувате за себе. Работите бараат многу труд, а вие знаете да вложите напор во нештата.

Водолија
За доброто расположение причина е вљубеноста, популарноста и многу надворешни аспекти на среќа. Уживајќи во случувањата – свршувачка, свадба или поднова – донесувате важни одлуки. Со партнерот сте во одлични односи.

Риби
Оптимисти сте во врска со следните случувања, тие се одлична компензација за чувството на пониска вредност. На крај ќе имате корист од се’. Подложни сте на влијанија на средината, повеќе отколку што е препорачливо. Со Близнаците одлично соработувате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>