Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (18.10.2018)

Овен
Љубовта денес ве инспирира повеќе од се. Поради неа убаво се чувствувате и фантастично изгледате. Ако односот со вашиот партнер се уште не е дефиниран, стрпете се барем уште неколку денови. Ќе се најдете во ситуација да донесете брзи одлуки.

Бик
Пожелно е да се свртите кон оние работи кои го окупираат вашето внимание. Пожелно е и да се посоветувате со некој друг за да можете подобро да функционирате.На работно поле ве очекува некој застој. Стрпете се бидејќи оваа ситуација е минлива.

Близнаци
Некого вистински го привлекувате, но не сте задоволни со целата таа ситуација. Врската со некоја Скорпија без разлика дали е емотивна или деловна во секој случај е значајна. Резултатите од вашето работење ќе бидат видливи за брзо време.

Рак
Денот е успешен за учење и остварување на секакви комуникации, вклучувајќи ги и патувањата. Некои здравствени проблеми ќе ве направат раздразливи. Наместо да се плашите како добар совет би бил да посетите лекар.

Лав
Вашите размислувања се околу тоа како да направите материјална добивка. Свесни сте колку се трудите, но за жал резултатите ги нема. Контролирајте ја малку вашата лавовска природа за да не дојде до дополнителни компликации.

Девица
Успешен ден на работно поле. Ќе ги шармирате вашите соработници и конкуренцијата па затоа ќе ги остварите и сите желби. Иако сте ментално и интелектуално супериорни, не го потенцирајте тоа бидејќи се подразбира само по себе.

Терезија
Ве очекува некој успех на работно поле, но тоа за жал ќе биде после неколку дена. Вие вооружете се само со трпение и обидете се како така да се извлечете од проблемите. Некој љубовен проблем субјективно го набљудувате.Соберете сили и за некои нови победи.

Скорпија
Под услов да прифатевте нечија сугестија, успешно ќе го решивте проблемот. Сепак не се плашете туку само тргнете во конкретна акција. Сакате се да дојде на свое место, но тоа не зависи само од вас. Прифатете ги сите варијанти.

Стрелец
Борбата за престиж ќе биде крунисана со успех. Бидејќи среќата ве прати во секој поглед искористете ги сите шанси. За некои Стрелци ќе има предизвици, а за некои само проблеми. Со некој Јарец не сте на иста бранова должина. Размислите дали ќе биде во ред да го послушате.

Јарец
Вие како да влеговте во некој нов период, па сега се е исполнето со проблеми. Сепак престанете со кукање. Против судбината не се може. Со некој Стрелец ќе бидете во чудна врска. Иако имате услови за добра комуникација вие тешко ќе се разбирате.

Водолија
Практично пристапете му на животот за да ги сведете загубите на минимум. Немате време за многу губење. Само со јасно дефинирани цели можен е успех. Стрелецот ве разбира, но затоа со Рибата ќе наидете на проблеми. Бидете претпазливи.

Риби
Од случувањата ќе го извлечте максимумот, но вие повторно нема да бидете задоволни. Бидете силни за да можете да се соочите со вистината. Со доминантен став ќе сакате да се наметнете на околината. Прашањето е- до кога вака ќе се однесувате?




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *