Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (18.09.2018)

Овен
Вложувате голем напор и фанатично и приоѓате на работата. Мора да водите сметка за тоа да не ги прецените сопствените можности и да не предизвикате контраефект. Посебно треба да внимавате кога се во прашање неморалните постапки. Ве поддржува семејството и саканото лице.

Бик
Доколку ги убедувате другите, ќе постигнете успех. Нагласена е смислата за дипломатија, способноста за подучување, но и признанието отстрана – сето тоа ви влева сила и влијае на вашето добро расположение. Предност ? давате на работата и на меѓучовечките контакти.

Близнаци
Вие сте со променливо расположение и карактер, намуртени и незадоволни, и тоа без особена причина. Полесно ви е да паднете во депресија и да кренете раце од се отколку да преземете нешто конкретно. Не предавајте се! Разменете го искуството со пријателите, па ќе најдете излез.

Рак
Иако имунитетот е на долната граница, а нервниот систем благо потресен, сепак, сте активни. Знаете да одолеете на предизвиците. Пречувствителноста и чувството дека никој не ве сака е само субјективно. Всушност, сите ве сакаат, само тоа тешко допира до вашето срце.

Лав
Иако на прв поглед сте срамежливи и смирени, вашите чувства се многу бурни. Во емотивната врска многу од вас се чувствуваат повредени, па се обидувате нешто конкретно да направите и да ја промените состојбата. Тешко ќе успеете во тоа, бидејќи вам ви недостига одлучност.

Девица
Убави вести и многу пријатни, незаборавни моменти со партнерот. Ако сте осамени, овие денови можете да доживеете љубов каква што не сте доживеале никогаш. Излегувајте што повеќе и дружете се. На некои случувања малку можете да влијаете, но не грижете се, се ќе се среди.

Терезија
Не дозволувајте нервозата да ја доведе во прашање вашата емотивна врска. Обидете се да се смирите и да не реагирате импулсивно. Однесувајте се разумно, практично и мудро. Почекајте ги своите пет минути и ќе биде токму онака како што сакавте.

Скорпија
Многумина од вас ќе имаат главоболки и конфликтни ситуации. Контролирајте ја нервозата, бидејќи можете да бидете склони кон ексцентрични постапки. Бидејќи по природа сте перфекционисти, константно сте незадоволни со постигнатото и се стремите кон повисоки цели.

Стрелец
Се колебате помеѓу повеќе понуди. Ќе бидете во ситуација долго да размислувате и повторно да не бидете начисто како да постапите. Повеќето случувања денес се врзани за домот и семејството. Доколку некој ви понуди дополнителен извор на приходи, прифатете.

Јарец
Смислата за натприродното е комбинирана со интуиција. Искористете ја оваа состојба на вистински начин. Бидејќи менталната конституција ви е чувствителна, подложноста на негативни влијанија е изразена, но не барајте утеха во седативи, туку свртете се кон духовната еволуција.

Водолија
Причината поради која сте нервозни, навистина е индивидуална. Бидејќи сте личност која најмногу се нервира на работа, најверојатно, ќе бидете незадоволни од соработниците. Бидејќи станува збор за променлива состојба, издржете го предизвикот и обидете се да бидете издржливи.

Риби
Мислите дека работите не се одвиваат во саканиот тек, па нервозите се неминовни. Обидете се да ги санирате на својствен начин за вас, да го зачувате здравиот разум и да излезете од кризата како победник. Начинот не е едноставен, но е возможен. Смирување побарајте кај пријателите.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *