Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (18.06.2019)

Овен
Имате совршена работна можност која не смеете да ја пропуштите. Важно е да ја одберете вистинската варијанта. Со саканото лице ќе доживеете обновување на врската. Сочувајте ја својата емотивна инспирација и љубовна среќа.

Бик
Упорни сте во многу намери и вашите соработници имаат позитивно влијание врз вас. Прифатете нов работен предизвик. Партнерот очекува од вас емотивна поддршка. Сочувајте го својот интимен свет само за најблиските.

Близнаци
Амбициозни сте и се обидувате да бидете присутни на сите страни. Чувствувате емотивна инспирација, па обидете се да сторите нешто конкретно поврзано со емоциите. Бидете скромни.

Рак
Добрата концентрација успешно ви помага да ги завршите преголемите обврски. Во односот со партнерот посакувате повеќе нежност и внимание. Ќе бидете задоволни во новото друштво. Потпрете се на својот внатрешен импулс.

Лав
Сакате да остварите нови и перспективни контакти на деловна сцена. Важно е правилно да ги истакнете своите способности. Ќе ви годи пријатна љубовна романса. Расположени сте кога се во прашање љубовните средби.

Девица
Вознемирени сте поради новите доживувања на работната сцена. Нема причина за паника. Не губете ја енергијата за непотребни работи. Секогаш постои граница помеѓу љубовните желби и реалните можности.

Терезија
Сакате да ја унапредите својата работна положба. Сакате да профитирате во оние работи што не спаѓаат во вашата надлежност. Во еуфорично расположение сте, па го занемарувате семејството.

Скорпија
Имате премногу енергија и волја. Знаете како да ги испланирате работите. Со саканото лице ви претстојат прекрасни моменти исполнети со нежност и романтика.

Стрелец
Потребни ви се дипломатски манири за да напредувате во работата. Не провоцирајте ја својата љубовна среќа. Постои ново лице што ќе го привлече вашето внимание. Бидете дискретни во однесувањето.

Јарец
Се соочувате со нови дилеми. Повремено чувствувате недостаток од волја за решавање проблеми. Партнерот не ви посветува доволно внимание. Потајно посакувате да ви се исполни една романтична средба.

Водолија
На работна сцена сте премногу активни. Здружете се со проверен тим за поголем успех. На љубовно поле чувствувате голем немир, но не очајувајте, ве очекува нова средба или некое додворување.

Риби
Сакате некој да ги забележи вашите идеи. Ви пречи нерамноправноста во односот со соработниците. Партнерот се обидува да ве расположи на различни начини. Прифатете добар љубовен поттик.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *