Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (18.05.2018)

Овен
Свртени сте спрема вредностите. Размислувате за нив до таа мера што интензивно сакате промена. Под тој поим се подразбираат работи што се исклучително од материјална природа. Поважен е духовниот напредок. Да се надеваме дека ќе успеете.

Бик
Доколку се наоѓате во конфликтна ситуација со околината, самите сте криви. Не е момент за создавање јазови, туку напротив, за простување. Обидете се во однос на тоа да функционирате. Наредниот период би требало да биде подобар од претходниот.

Близнаци
Во главата ви се мотаат патувања и разни случувања. Не е лошо, но би можело да биде подобро. Бидејќи сте скромни, се задоволувате со она што го имате. На емотивен план ве очекуваат изненадувања. Дали ќе бидат пријатни или не – зависи од индивидуалните позиции.

Рак
Очекувате многу непланирани случувања и пријатни изненадувања, и тоа не само од партнерот. Бидејќи подолго време живеете во стилот дека за ништо не се грижите, слично ќе се однесувате и денеска. Малку одмор, а многу акција и тоа на полиња кои навистина ги сакате.

Лав
Пожелно е некако да ги скротите огромните количества енергија, главно, од деструктивна природа. Во идниот период влезете храбро, со помалку презир спрема оние што не ги исполнуваат вашите желби. Средствата за смирување сведете ги на минимум. Навистина водите многу развратен живот.

Девица
Иако сте загрижени поради нешто, стравот е неоснован. Како да не можете да живеете без него. Бидејќи низ животот одите по комплицираниот пат, подгответе се за многу сериозна работа, но и за резултати. Барем имате многу трпение. Само храбро.

Терезија
Не оптоварувајте се денеска со филозофски теми. Уживајте во моментот. Од следниот период не очекувајте многу, бидејќи само така ќе бидете задоволни. Во спротивно, следуваат разочарувања. Партнерот ќе ви биде постојано друштво, понекогаш не баш пријатно.

Скорпија
Ве очекуваат многу изненадувања, но и остварување на големи цели. Нема да ви биде лесно, но со сето тоа животот е многу повозбудлив. Многу пари, вистински деловни чекори, напредувања во општествената хиерархија, сето тоа ви го порачуваат ѕвездите.

Стрелец
Бидете подготвени за ексцентрични случувања и за силни и необични чувства во односите со партнерот, кој засега не знае на што е. Се однесувате контрадикторно, па ни самите не сте сигурни што сакате. Што да се направи во врска во криза? Размислете.

Јарец
Минатиот период си поминувавте лудо и незаборавно. Се будите со блага нервоза. Пожелно е да ги намалите активностите и ќе дојдете до внатрешен мир. Моментално, сметате дека имате многу тешки проблеми, но советот е да се ослободите од стресот.

Водолија
Вашата фантазија моментално е интензивна, па поубаво ви е да живеете така отколку во реалниот свет. Бидејќи сте во фаза на големи деловни планови, полесно живеете во имагинацијата отколку во реалноста. Олабавете се. Прифатете ја поканата за излегување.

Риби
Многу сте чувствителни. Вашата страсна природа е до таа мера изразена, па почнува да ви пречи. Доколку наидете на какви било препреки, ќе настојувате да ги надминете, а притоа да не размислите колку се вредни за вашиот труд. Треба да го вклучите разумот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *