Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (18.01.2022)

Овен
За се’ што ќе почнете да работите прво испитајте дали сте на сигурно. Здравствената состојба ви е одлична, но не претерувајте со слатките работи. Доколку со партнерот имате несогласувања, потрудете се да бидете смирени. Ретко кој ги трпи вашите испади.

Бик
Потрудете се да ги проверите сите сомнежи кон партнерот. Доколку сакате да избегнете посериозни здравствени проблеми, потрудете се да се смирите. Оваа недела сонце ќе ве огрее на професионален план. Односот со соработниците ви е совршен.

Близнаци
Сакате се сами да постигнете и тоа ви успева. Не сте трпеливи, а одите до крај. Морате да бидете внимателни со здравјето бидејќи организмот не трпи многу замор. Можни се планови со партнерот за патување. Прифатете го секој предлог ова е вистински момент за тоа.

Рак
Бидете упорни и не пропуштајте ниту една можност. Здравствената состојба ви е добра, но тоа не значи да се опуштите. Во љубовта ве мачи личност од минатото. Бидете трпеливи и ќе испливате на површина. Потрудете се да ги надминете несогласувањата со блиските.

Лав
Голем дел од пријателите се трудат да ви помогнат. Опкружени сте со вистинските личности. Бидете внимателни со здравјето и внимавајте на пороците. Се препорачува да спортувате или пешачите. Односите со партнерот се одлични.

Девица
Потрудете се да се организирате и да отидете некаде на терен. Среќни сте и задоволни. Најдобро би било да бидете искрени кон партнерот. Потрудете се со него да разговарате за се’ што ве мачи, тој е единствениот кој ќе ве разбере.

Терезија
Одговорни сте и многу од соработниците сакаат да бидат како вас. Бидете трпеливи бидејќи се успехот сам ќе си дојде. Насочете се кон уметноста и убавите работи. Несигурни сте кон партнерот затоа потрудете се да се дистанцирате

Скорпија
Уживате во успехот кој го постигнавте на работното место. Бидете внимателни со блиските може да навредите некој. Здравата храна ќе ви даде повеќе енергија во постигнување на вашите цели. На емотивно поле не ви цветаат рози.

Стрелец
Бидете трпеливи бидејќи шефот ќе ви даде невозможни задачи. Здравствената состојба не ви е лоша ако продолжите да пешачите. Бидете внимателни на нервниот систем и не нервирајте се многу. Ве очекува средба со личност која одамна чекавте да ја запознаете.

Јарец
Вистински борец сте. И покрај сите проблеми одите со крената глава. Партнерот не го поднесува вашето однесување. Преземете нешто и почнете да гледате позитивно. Очекувајте финансиска добивка.

Водолија
Се’ ви е лесно, не сакате да размислувате за иднината. Здравствените проблеми се неминовни, морате повеќе да се трудите. Партнерот е постојано со вас и сака да ви помогне, не расправајте се.

Риби
Амбициозни сте и ќе успеете. Некој сака сериозно да разговара со вас, а тоа ќе ви биде од корист. Намалете го консумирањето алкохол. Крајно време е за сериозна врска, потребен ви е мир и домашна атмосфера.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>