Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (17.11.2017)

Овен
Можни се нови случувања на деловната сцена што дополнително ќе ја комплицираат вашата соработничка и статусна позиција. Во љубовниот однос партнерот упорно се обидува да ви наметне свои идеи или правила на однесување. Доколку сте слободни ве очекуваат интересна средба и необично познанство.

Бик
Новите настани треба да ги процените од различен аспект на важност, како правилно би ги согледале сите можности и ограничувања што владеат на деловна сцена. Околината на различен начин ги коментира вашите деловни идеи, па затоа размислете за нечија сугестија и влијание.

Близнаци
Обратете внимание на корисните сугестии. Некој ве наведува на добри решенија и дополнително ве ангажира на различни страни. Неможно е да остварите успех без прецизни информации и детаљни подготовки. Потрудете се да ги остварите своите цели во согласност со пропишаните норми.

Рак
Се наоѓате во креативна фаза, постојано смислувате нови идеи и ја поттикнувате околината на активност. Постојано се обидувате да решите бројни проблеми што ќе ви овозможат долгорочна соработка или финансиска добивка. Потребни ви се големи овластувања во деловната организираност.

Лав
Користејќи ги сите предности што ги имате се обидувате да создадете подобри услови и да ги остварите деловните интереси. Без оглед на своите практични способности, не може секогаш да ги усогласувате различните интереси и да исполните нечии очекувања. Потребно е да формирате нови критериуми.

Девица
Кога постои судир на различни влијанија и мислења не е лесно да се пронајде заеднички интерес. Преземате ризик и одговорност пред соработниците. Потребно е да повлечете црта и да се определите за нов модел на успешна соработка. Не може се’ да држите под контрола и не треба да се покажувате на погрешни страни.

Терезија
Изгледате загрижено поради новите информации на деловен план и не сакате да ги прифатите процесните резултати. Иако користите различни деловни стратегии, сепак, ви претстојат неочекувани компликации или проблеми. .

Скорпија
Благодарение на новите информации важно е успешно да ја завршите работата, но со критиките што им ги упатувате на соработниците не секогаш се постигнува посакуваниот резултат. Чувствувате психолошки притисок во желбата нештата да добијат вистинска смисла и значење. Бидете промислени и прифатете ги обврските за кои постои заеднички интерес.

Стрелец
Во деловните кругови умеете секогаш да го имате главниот збор и да очекувате од другите доследно да ги следат вашите идеи. Блиц-процената на најдобрите можности и способноста за организација ви носи успех. Вешто умеете да го наметнете своето мислење пред соработниците и да остварите важна улога во деловните преговори.

Јарец
Понекогаш не е лесно да ги остварите сите замислени цели што сте си ги поставиле, но вие не се откажувате лесно пред пречките. Вознемирени сте поради нечии критики и се обидувате да ги промените основните услови во своето деловно опкружување. Важно е правилно да се организирате, да употребите успешна формула и немојте да дозволите некој да ве претекне во своите намери.

Водолија
Умеете многу промислено и селективно да избирате ситуации во кои на најдобар можен начин може да ги презентирате своите професионални способности. Се наоѓате во фаза на креативен подем, така што често дејствувате снаодливо и оригинално во однос со својата околина. Сепак, некогаш треба да се одлучите за компромис.

Риби
Добро одмерете ги своите цели и преиспитајте ја улогата што ја имате. Потребно е внимателно да ги анализирате своите соработници, за правилно да ги разберете нивните деловни мотиви и интереси. Нема причина да бидете дрски пред деловните партнери.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *