Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (17.10.2022)

Овен
Ќе се зголемат вашите сексуални апетити. Најмалку ви е потребен некој љубовен триаголник. Ќе го добиете она што сте го нарачале, односно платиле. Затоа размислете дали рекламациите се оправдани. Внимавајте на хроничните тешкотии. Контролирајте ја деструктивноста.

Бик
Во воздухот ќе виси необјаснива напнатост. Постои ли нешто што не сте го расчистиле до крај? Ќе мора да донесете некоја важна одлука. Не дозволувајте другите да ве престигнат. Имунитетот ви е ослабен. Не спротивставувајте им се на промените.

Близнаци
Мислите дека знаете што сакате? Вашите дела и изјави оставаат сосема друг впечаток. Ќе ви се зголемат обврските кон другите. Нешто мора да направите и против својата волја. Можна е несоница. Внимавајте што ќе јадете денеска. Не озборувајте ги блиските.

Рак
Контролирајте го својот однос и однесување кон партнерот зашто ќе ве мачи љубомора. Ќе ви се разнишаат некои деловни поставки. Проверете ја способноста на соработниците. Кажете им „не“ на пороците и на лошите навики. Свртете се кон себе.

Лав
Зборовите, километарската раздалеченост или работата ќе се најдат меѓу вас и саканата личност. Ситуацијата на работа ќе ве принуди да се приспособите кон новите луѓе и ситуации. Некои неконтролирани движења може да предизвикаат помали незгоди. Бидете умерени.

Девица
Ако сакате да го подобрите својот љубовен живот, преземете го првиот чекор. Најлошо е чекањето. Одличен ден за писмена преписка за договарање нови работи. Јадете колку што е можно полесна храна, избегнувајте црвено месо. Употребете го шармот.

Терезија
Ова е ваш ден, затоа ништо не препуштајте му на случајот или судбината. Земете ги работите во свои раце. Ќе добиете сериозна работна понуда за која ќе вреди да изгубите скапоцено време и енергија. Смирете ги нервите. Забавувајте се во расположено друштво.

Скорпија
Вашите ставови за љубовта и бракот ќе бидат променливи. Некој или нешто го одвлекува вашето внимание. Ќе биде доволно само да се појавите некаде и ќе го решите проблемот што многу ве мачи. Ќе чувствувате некои желудочни пречки. Не провоцирајте.

Стрелец
Некои разговори може да придвижат некои нови интереси. Бидете поактивни во друштвениот живот. Наметнете се на работа. Не чекајте да ве повикаат и да ви понудат нешто. Време е да го посетите заболекарот. Чувајте се од плускавци. Испратете некоја порака.

Јарец
Ќе ве мачат сомневања што нема да бидат реални. Фантазијата ви е побегната од контрола, скротете ја! Работните активности ќе бидат секаде околу вас. Ќе работите прекувремено. Внимавајте на варењето на храната. Имате чувствителни нерви. Искористете го доброто паметење.

Водолија
Денот е како создаден за уживање во друштво на оние што ги сакате. Нешто ќе прославите. Работата нема да ве заморува. Напротив, љубовта ќе ве мотивира и ќе ви дава сила. Одлично ќе се чувствувате, насмеани сте и весели. Денеска се’ ви е дозволено.

Риби
Не донесувајте пребрзи одлуки, особено ако нешто сте „замешале“. Без сериозност и одговорност нема далеку да стигнете. Сменете нешто, особено ако сте незадоволни. Послушајте ги интуицијата и говорот на соништата. Не претерувајте со ништо.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>