Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (17.10.2018)

Овен
И вие имате убави неколку дена пред вас, но средата веројатно посебно интересна. Може да не знаете што да правите со својата енергија и тоа ќе го почувствувате ако место не ве фаќа, имате латентна возбуда во себе, и сакате повеќе да сте надвор отколку во затворена просторија. Интензивен социјален живот и дружења, па оттаму можни и нови врски, заљубувања, сексуални случувања. Ако сте пред нешто ново во оваа смисла, ве молам имајте на ум дека физичката привлечност е пресудна, а не чувствата.

Бик
Во вашиот план (редослед на приоритети, демек) сексот е меѓу првите три места, во зависност од вашите лични хороскопи. Деновиве, започнувајќи од денес, верувам дека ќе биде на прво место, па оттаму или многу задоволства или доста нервоза, па и разочарувања, во случај да немате постојан партнер или да сте во нова врска. Навалувањето поради споменатите пориви, оној спроти вас можеби ќе го протолкува погрешно, па ќе ве обвини дека сте со него само поради секс. Ова веќе личи на пазар, а ви советувам да се исконтролирате бидејќи ако влезете во такви аранжмани крај нема на компромисите кои ќе треба да ги правите.

Близнаци
И машкиот и женскиот близнак се шармантни, заводливи, немаат баш многу пардон ако некој им се допаѓа, подготвени се и за доста комбинаторики и немаат лажен морал, освен ако не го глумат поради некој свој есап и пазар. Атракцијата, онаа физичката, им е основен двигател во остварување на врски, еротиката пред се. Еве, на ред се три дена започнувајќи од овој, низ кои може да се случуваат нешта на тој план, многу задоволства, контакти, но и можности за филозофирања, поединци и патувања.

Рак
Одличен ден и не само тој, неколку по ред во врска со партнерот, подобрување на сексуалниот живот, а преку него можеби и расчистувања со некакви недоречености и напнати состојби, односи од порано. Во секој случај прилично активен сексуален живот, ако се нема лажен срам, морални предрасуди, “што ќе рече мама” и слични глупости. Сексуалната енергија може да ве придвижи да бидете малку поагилни во контактите, подиректни и поопуштени. Ова повеќе се однесува на машкиот дел од знакот, кој иако силно еротизиран, знае да се изблокира поради несигурност.

Лав
По прашање на љубовта, сексот, не мора два пати да ви се каже или посочи, веднаш сте подготвени на случување, секако и со постојниот партнер, но немате ништо против и некакво ново случување, освен ако егото не ви е сосема контролирано, што за жал, се случува во минорен број на случаи, еден лав да си го контролира егото, па поради него и можни се авантури, себедокажувања, освојувачки акции, заведувања, без оглед на кој пол му припаѓате. Многу нови врски, но и забременувања.

Девица
Кај вас работите ќе се случуваат дома, значи претпоставка е дека имате веќе партнер, или за чудо, може да се случат ненадејно, да траат многу кусо и да престанат да постојат како и никогаш да не се случиле. Значи говорам за можности, за куси сексуални односи, кои ќе траат неколку дена или ден, со силен еротски и сексуален набој. Од друга страна можни се и завршувања на врските поради нерешливи сексуални навики и некомпатибилност, кои ќе се земаат како главна причина иако е сосем нешто друго во прашање.

Вага
Убави аспекти за вашиот знак денес, малку чудни, ненадејни, еротски и сексуално обоени, што би се рекло прилично го боите зодијачкиот циркус и денес и следните неколку дена со еротика, возбуди од таков тип, ненадејни љубовни случувања, кои ќе ги зборувате отпосле како: “Да ми речеше некој дека ова ќе ми се случи ќе го направев…”. Наравоучение – не кажувајте никогаш никогаш, се е можно и се се случува. Многу комуникации на оваа тема или теми, но и подобрување на сексуалниот, еротскиот и љубовниот живот со партнерот.

Скорпија
И вие добивате денес а и не само денес една убава доза на возбуда која штом е со еротски полнеж не може да ви е лоша, освен ако веќе немате проблеми во врската, па ова може само дополнително да ги направи работите покомплицирани, а во зависност дали сте машки или женски род и редица фрустрации и инхибиции на тема секс. Инаку аспектите кои се неколкудневни, говорат за ненадејни случувања, средби, односи со личности кои на некој начин не се на вашето социјално, интелектуално или материјално ниво. Не реков, подолу, погоре, реков само дека не сте исти, ниту слични.

Стрелец
Одличен ден и веројатно уште неколку, засилени чувства, возбудувања, започнување на врска но темелена на силна физичка привлечност и сексуално-еротска атракција, убаво е да трае нешто подолго, вообичаено не е таков случајот. Од друга страна и финансискиот елемент во подем и забрзување, што би се рекло некој денар повеќе во џебот. Од каде и како, широка е темата, а мал просторот. Многу планови околу парите, можеби со некој близок, но претпочитам а и вие помалку зборови повеќе акција.

Јарец
Од денес во следните денови вие се наоѓате во “опасна” зона на можни случувања на еротски, сексуален или љубовен план, но можностите тие да се од конспиративен карактер се големи, па иако не секогаш претпоставка е дека се можни тајни љубовни врски, обнова на таквите стари и слично. Се надевам знаете за зборот претпазливост, посебно ако веќе сте во некаква врска. Ќе имате и зголемена енергија и потенцијал, што претпоставува дека ќе бидете и доста активни, раздвижени со можности и за куси патувања, лево-десно.

Водолија
Може и самите да се изненадите деновиве, започнувајќи од денес, кога ќе започнете врска со личност која до колку вчера ви била со статус пријател, познат, другар/ка. Моралните традиционалистички норми кажуваат дека ова не е добра “инвестиција”, но животот ги демантира овие демагогии. Секако, физичката атрактивност е нешто што не смеете да го апстрахирате, и некој во ваквите односи е опседнат со физикусот на другиот, без оглед на полот. Во секој случај ова се денови на изненадувања и радости, мали или големи, зависи од вашите лични хороскопи.

Риби
Интересни денови пред вас, посебно од денес, бидејќи најголемиот дел од своето време го поминувате на работа или на оние места од ваш најголем интерес и амбиции, не е чудо ако некој започне интензивно да ви “шета” низ главата и постојано да мислите на истата личност, па и да ја посакувате, на овој или оној начин, но секако со сексуална и/или еротска конотација. Значи некој од работа, малку незгодно, ако врската не потрае, бидејќи статистиките говорат дека од пет, една успева. Во секој случај можни и ситни радости на деловен план, успеси, и многу активен социјален живот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *