Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (17.09.2018)

Овен
Се заљубувате на прв поглед почесто од припадниците на другите астролошки знаци. Некој повторно ве заинтригирал. Се нервирате, бидејќи ситуацијата е крајно неизвесна. Ни самите не знаете на што сте, а тоа ве полудува. Бидете стрпливи.

Бик
Активни сте и упорни. Се наоѓате во неизвесна емотивна ситуација која ви го одвлекува вниманието. Наместо да се свртите кон корисните нешта, се губите во правење планови поврзани за некоја личност. Доколку ви се укаже прилика да отпатувате некаде, искористете ја. Голема страст!

Близнаци
Иронични сте и кавгаџиски настроени до таа мера што станувате опасност за околината. Контролирајте се, бидејќи може да имате проблеми со оглед на зголемената желба за доминација. Никој не сака да му се држат предавања, па ни вашата околина, особено ако се земе предвид фактот дека во последно време повеќе зборувате отколку што работите.

Рак
Бидејќи никако не ви одговара тимската работа, обидете се да ескивирате. Сами ќе постигнете подобри резултати и ќе бидете задоволни. Чувството дека извесни личности ви ја одземаат енергијата не е без основа. Иако се добронамерни, не ви се пријатни. Најверојатно сте научиле како да се однесувате во таква ситуација.

Лав
Евидентно е променливо расположението проследено со излив на незадоволство. Бидејќи се трудите за себе да создадете лажна претстава, ги потиснувате неуспесите. Лажејќи ги другите, се обезвреднувате самите себе. Сте се определиле за најлошата варијанта. Еден отворен разговор ги решава и најнепријатните прашања.

Девица
Работата ви е пред се’. Бидејќи станувате перфекционист и авторитетен почнувате да претерувате. Немаат сите од вашиот тим ист став како и вие. Мора да бидете потолерантни и да сфатите дека вистината има повеќе варијанти. Не сте секогаш во право.

Терезија
Иако не се чувствувате најдобро, активни сте во друштвениот живот. Избегнувате да бидете сами, бидејќи самотијата ве тера да размислувате за болеста и немоќноста околу неа. Ви се советува извршување само на најнеопходните работи и намалување на контактите. Повеќе одмор и квалитетна храна ќе ви ја зголемат енергијата.

Скорпија
Понекогаш знаете да бидете многу напорни. Не сте ни свесни колку ја оптоварувате околината со вашите проблеми. Штом тие ќе исчезнат, приберете се и уживајте во сопствениот мир. Многумина го сфатиле вашиот стил. Оние кои не ве сфатиле ќе се обидат да ви докажат дека залудно се нервирате.

Стрелец
Сфаќате дека партнерството кое сте го склучиле е повеќе од успешно. Ќе бидете во ситуација да правите нови планови кои се однесуваат на проширување на бизнисот. Свртени сте повеќе кон практични нешта и ситуации отколку спрема емоциите.

Јарец
Бидејќи сте непоправливи идеалист, не е ни чудно што сте незадоволни. Морате да се спуштите на земја и да се прилагодите на околината. Во спротивно болеста не ви бега, посебно овие неколку дена можноста за вирусна инфекција пратена со алергија е во игра. Само внимателно и ќе ги избегнете неприликите.

Водолија
Проблемите ви се множат. Здравјето нека ви е на прв план. Тамам ќе елиминирате една опасност, се јавува нова. Забоболката може да ви го наруши сонот. Уште ако на тоа го додадете судирот со шефот и соработниците, просто е зачудувачки што сте нормални. Запрашајте се во што е вашата вина.

Риби
Бидејќи ќе имате проблеми со куќните апарати, мора да штедите. Не дозволувајте таквите нешта да ве исфрлат од колосек, бидејќи се нормална појава. Она што подолго време е присутно е беспарицата. Постојано сте во фаза на крпење крај со крај. Сами сте виновни за тоа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *