Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за среда (17.08.2022)

Oвен
Расположението ви се подобрува исто како и материјалната состојба. Доколку се занимавате со работа поврзана со техника, ќе бидете во ситуација да ги материјализирате квалитетите. Сега треба да бидете вешти и да го зачувате стекнатото, но тоа треба да го направите и со партнерот.

Бик
Конечно се смиривте и сите шанси да ги средите недоразбирањата се на ваша страна. Се’ уште се чувствуваат последици на незадоволство, но упорни сте и енергични, па излегувате од кризата. Слободните моменти поминете ги со блиските и одете на прошетка.

Близнаци
Растргнати сте на повеќе страни, па последица на тоа е нервоза. И покрај тоа што ви одговара повеќе работи да извршувате истовремено, малку претеравте. Слободните моменти ги користите на погрешен начин. Наместо да се одморате, вие правите планови кои ве туркаат во уште понапорна работа.

Рак
Донесувате битни одлуки и ставате точка на нешто. Решени сте да влезете во нов период и од корен да го промените пристапот кон проблемите. Во право сте, но ви е неопходна нечија поддршка. Одлично соработувате со оние што се на иста бранова должина со вас.

Лав
Решавате семејни проблеми. Опкружени сте со филозофи кои многу зборуваат, а не им ни паѓа на памет да засукаат ракави. Успешно ќе си ја завршите својата работа и ќе им покажете на сите колку сте успешни. Избегнувајте расправии со партнерот.

Девица
Денес не сте ни практични ни перфекционисти. Дефинитивно се изгубивте во разни еротски и љубовни фантазии, најдобро би било и да останете во нив. Кога ќе ја увидите грешката, ќе ви биде чудно, порано не ви се случило ништо слично.

Терезија
Конечно кризата помина. Краткиот одмор користете го да се „соберете“, претходните денови бевте растроени. И покрај тоа што се трудите вината да ја најдете во другите, не сте во право. Ви недостасува флексибилност, потрудете се да се промените.

Скорпија
Полека закрепнувате од разни стресови. Емотивната бура поминува, но, сепак, мора да се запрашате колкав е вашиот дел од одговорноста. Само со реално согледување на ситуацијата може да ги согледате ситните грешки. Бидете реални и одмерени.

Стрелец
Професионалниот успех не ве задоволува. Потребно ви е нешто многу повеќе за да го најдете внатрешниот мир. Тоа што коректно ги извршувате обврските не значи дека сте задоволни, сонувате за нешто недостижно. Некои од вас размислуваат за проширување на семејството.

Јарец
Ситуацијата бара промена. Мора да се приспособите и да бидете модерни. Доколку не продолжите да се борите со сите сили и не се промените, ќе имате проблеми. Но, стабилни сте, па тешко ви паѓа тоа. Правите многу грешки, бидете внимателни.

Водолија
Ќе имате успех во се’ со што ќе почнете да се занимавате. Креативни сте и исклучително способни. Ќе и’ наметнувате на околината современи погледи. Некој постојано ве надгледува, околината не може да се навикне на вашето неконвенционално однесување.

Риби
Пред себе си поставивте многу задачи, па фанатички се трудите да ги реализирате. Колку ќе успеете во тоа, навистина е дискутабилно, бидејќи повеќе ви одговара да зборувате отколку да работите. Барајте поддршка од некој близок, ќе ви биде полесно.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>