Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (14.01.2020)

Овен
Бидете подготвени да пребродите еден тежок период во кој ќе имате чувство дека многу работи се изгубени, но не по ваша вина. Обидете се да бидете трпеливи и да сфатите дека некои работи се случуваат тогаш и кога нема причина за тоа. Ќе успеете да се вратите во колосек, само доколку мудро реагирате на се’.

Бик
Приказните што доаѓаат до вас, секако, негативно ќе се одразат при градењето на ставот околу вашата работа. Бидете внимателни и не избрзувајте, бидејќи околината, колку и да сака да ви помогне, во преден план секогаш го става личниот интерес. Саканото лице постојано се труди да ви ги угоди потребите, затоа имајте малку повеќе разбирање за него.

Близнаци
Подготвени сте да почнете со нов предизвик и да го остварите она што ви е во план. Кога акцијата и динамиката се во прашање, вие сте број еден. Иако периодот не ви е наклонет за нови запознавања и за почнувања врски, едно лице постојано се труди да го привлече вашето внимание.

Рак
Имате интересни идеи на кои со одобрение гледа вашата околина. Сега сте во фаза кога сите работни задачи ги извршувате со леснотија, па оттаму немате никакви причини за грижа. Не двоумете се при донесувањето на некоја конечна одлука, бидејќи не може ништо да изгубите. Планетите велат дека ова е за вас одличен период.

Лав
Бидејќи уживате во работата, за вас моментите на одмор значат губење време. Во исчекување на важни случувања во вашиот живот, би било убаво да се осврнете кон љубовните нешта и да му обрнете повеќе внимание на партнерот.

Девица
Ако не ви се допаѓа нечија улога или однесување на работното место, тогаш е краен час да им се обратите на претпоставените и со тоа да спречите голем конфликт. Зачувајте ги присебноста на духот и трпеливоста се’ додека не стивнат негативните страсти во вашето опкружување. Во меѓувреме, дозволете си мало емотивно задоволство со партнерот.

Терезија
Се однесувате како да сте најпаметни, најдобри и најубави, но знаете дека таквото размислување умее да ја налути околината и да предизвика љубоморни коментари на кои вие не знаете како да одговорите. Можеби би било подобро кога таквиот став би го задржале само за себе.

Скорпија
Од работата имате големи очекувања, чија реализација повторно ќе мора да почека. Внимателно проценете ги потезите што ги влечете во средбата со соработниците. Добриот глас надалеку се слуша, така што позитивната реклама би можела да ви донесе и добар материјален успех. Некој постојано ја расипува вашата љубовна идила.

Стрелец
Забавите и напорното темпо на живеење е време да ги оставите зад себе и да се фокусирате кон работата. Потребно ви е малку време за одмор, па затоа одлучете се да се повлечете во себе и да се осврнете кон стабилизирање на врската со партнерот. Тоа е најдобар совет што ви го препорачуваат планетите за денешниот ден.

Јарец
Сосема ви е јасно дека некој постојано се обидува да ги загрози вашите материјални интереси што се поврзани со работното место, но вашата упорност е посилна. Мора да се соочите со неповолната позиција и борбата во која ќе вложите многу, а ќе добиете малку. Употребете го вашето најголемо оружје – разумот. Во однос со саканото лице, лесно ќе ги остварите намерите.

Водолија
Мислите ви се фокусирани на темите поврзани со бракот, семејството и децата. За да успеете да ги реализирате целите потребно е да вложите поголем напор и да пронајдете соодветен начин за решавање. За почеток обидете се да го прифатите лицето во вашата околина што постојано се обидува да допре до вас.

Риби
Доколку некој се обиде да ја критикува вашата работа, покажете доволно сила и храброст да докажете дека не е така. Важно е да го подобрите вашиот рејтинг или да се приспособите на околината, со цел да имате соодветна улога во околината. При средбите со саканото лице, почитувајте го заедничкиот договор за кажување на вистината.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *