Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (15.04.2022)

Овен
Сакате да најдете утеха во прегратката на партнерот. Премногу сте напорни за околината во последно време. Научете да бидете трпеливи ако сакате полесно да поминете. Потрудете се повеќе ако сакате навреме да ги завршите работните обврски.

Бик
Борбата за успех е напорна и бавна, а немате на кого да се потпрете. Последица на тоа е осаменоста што станува неминовна. Свесни сте за тешката положба, но и за вредноста на партнерот. Потрудете се да му дадете вистинско место во вашиот живот.

Близнаци
Влијанијата на планетите се поволни за остварување интелектуални и тимски соработки. Очекувајте успех и со партнерот. Ви одговара дружење со креативни млади луѓе. Кон се’ сте субјективни, бидете реални при донесувањето заклучоци.

Рак
Можни се непријатни случки од емотивна природа. Тешете се, не сте вие причина за недоразбирањата со партнерот. Сакате да се шегувате, па тргнете во потрага на вистински партнер за тоа. Насмевнувајте се повеќе ако сакате да го одржите доброто здравје.

Лав
Среќни сте и задоволни, бидејќи се’ она што досега ви изгледаше невозможно почна да се остварува. Сите блиски се подготвени да ви помогнат кога тоа ќе биде потребно. Добро сте расположени, а тоа е и вашата природа.

Девица
Потрудете се да го изберете вистинското лице за соработка. Пред вас е исклучително успешен ден по што ќе бидете задоволни. Кога работите ќе тргнат во нормален тек , продолжуваат така да се нижат. Ви пристигнува финансиска добивка.

Терезија
Најдобро е да го преспиете денот. Планетарните влијанија се неминовни, па стрпете се и почекајте го поволниот момент. Ако сакате да успеете во нешто не трудете се, шансите се многу мали. Иднината е пред вас, почекајте подобри времиња. Не трошете непотребно пари.

Скорпија
Денес треба да се чувате од насилство. Врската или бракот моментно се во сериозна криза, не грижете се, набрзо се’ ќе дојде на свое место. Важно е да знаете што сакате, па да дејствувате во таа насока. Добро размислете пред секоја постапка.

Стрелец
И натаму сте во фаза на експанзија, а резултатите се’ уште не се видливи. Не очајувајте и не губете надеж. Потрудете се да се релаксирате и да не размислувате многу. Најдете златна средина меѓу активноста и мрзеливоста.

Јарец
Доколку сте активни и добро се чувствувате, надевајте се на најдобро. Не ги потиснувајте незадоволствата. Ситуацијата е поволна, но се поставува прашањето колку сте зрели и способни да се соочите со неа. Размислувајте оптимистички ако сакате да дојдете до целта.

Водолија
И покрај тоа што не се плашите од опасност не значи дека таа ќе ве заобиколи. Само со разумни постапки ќе успеете да избегнете насилство. Имате способност за донесување одлуки во најтешки пригоди. Потрудете се да ја надминете здравствената и емотивната криза.

Риби
Живеете во светот на сопствени фантазии. Потрудете се да носите правилни одлуки, многу грешите во процената на луѓето. Околината чудно ве доживува. Бидете толерантни и не правете го она што не сакате да ви го прават.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>