Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (16.10.2021)

Овен
Сеуште нештата не се онакви какви што треба да бидат, но вие наоѓате начин работите да ги донесете во стабилна ситуација. Би ви годело малку разбирање од страна на партнерот, вашите емоции се на „стенд бај“.

Бик
Поседувате голема количина на енергија, имате успех со сите оние луѓе кои се поврзани со вашата работа и унапредување. Доколку се фокусирате на партнерот само ќе се нервирате.

Близнаци
Повторно постигнавте хармонија, па релативно добро функционирате. Успешен ден ги очекува креативните и комуникативните припадници на овој знак. Ќе остварите одличен успех на сите полиња.

Рак
Разните случувања, комуникации, телефонски разговори- ќе направат да чувствувате потреба за самотија и одмор. Нема да бидете во ситуација тоа да го реализирате, но материјално стимулирани, нема да ви биде жал.

Лав
На доживувањата почнавте да гледате трагично, бидејќи почнавте да се плашите за сопствената безбедност. Ни партнерот, ниту оние кои ве сакаат не можат да го ублажат овој песимизам.

Девица
Иако сте припадник на практичен знак, поседувате исклучителна фантазија и уметнички афинитети. Доколку се наоѓате во таква бранша, пред вас се само успеси.Опуштете се сосема.

Терезија
Фантазирате како од милијардер да направите милионер. Машките припадници на овој знак вредно работат на тоа. Најдобро би било и жените да им се приклучат.Терезиите пред владеењето на нивниот знак ја имаат наклоноста од ѕвездите.

Скорпија
Логично е да се борите, логично е да барате начин да дојдете до целта, ама не заборавајте дека- во лагата се куси нозете. Не служете се со валкани игри, иако Скорпиите се махери за таа област. Сочувајте достоинство и можност утре да погледнете во очи.

Стрелец
Иако сите ви велат дека не сте во право и ви го покажуваат вистинскиот пат, вие си терате по свое. До кога ќе можете така да се однесувате? Сигурно додека имате пријатели кои можат да ве слушаат.

Јарец
Се обидувате да се изолирате и да заборавите на непријатности кои подолго време ве измачуваа. Не дозволувајте средината да влијае на вашето расположение.Останете си верни на идеалите што ги имате.

Водолија
Ќе се најдете во ситуација да се нервирате за мали работи, а најмногу за вашиот партнер. Самите го одбравте па сега и самите можете на него да влијаете. Сепак сватете едно, работите не се менуваат преку ноќ.

Риби
Доживувањата поврзани со вашето семејство ве тераат да размислувте. И вам ви е потребна помош па дополнително ќе се нервирате. Свртете се само кон оние работи на кои можете да влијаете, заборавете на човечката злоба.

Извор: Утрински весник

Facebook FAN page




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *