Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (16.10.2017)

Овен
На партнерот се’ помалку му е важно да ја одржи врската, а вие дури како сега да сте се разбудиле од зимски сон. Би сакале да го вратите времето и да постапите поинаку. Водете сметка што јадете. Подложни сте на дебелеење.

Бик
Пред вас е одличен период, доколку сакате дополнително да се образувате. Учењето ќе ви оди лесно и брзо. Добро би било да размислите за усовршување некаде во странство. Здравјето е подобро.

Близнаци
Повторно ве стигнаа финансиските проблеми, но лесно ќе ги решите. Нема да има потреба да позајмувате пари. Тоа во овој миг не би било паметно. Избегнувајте да јадете брза храна.

Рак
Тешко ви е да ги трпите предавањата што ги добивате на работа, но во овој миг немате избор и морате да се воздржите. Вашата шанса за пресврт допрва ќе се укаже. Во љубовта сте доста сомничави.

Лав
Деловните проблеми и понатаму ве оптоваруваат. Не е сега момент за радикални потези. Со еден пријател имате особено близок однос, кој може да прерасне во нешто повеќе доколку сакате.

Девица
Денеска поголемиот дел од денот ќе го минете надвор од дома, со семејството. Ќе ви годи малку да се олабавите и да се видите со сите. На полето на финансиите е добро, но за два дена очекувајте проблеми. Партнерот не е искрен.

Терезија
Сите патишта и планови се отворени, само треба да посакате и да тргнете во акција. На полето на финансиите нема осцилации, особено ако добар дел од заработувачката зависи од некој што ви е пријател. Здравјето е добро.

Скорпија
Честото гледање со пријателите ве олабавува, но немојте да ги запоставувате обврските. За некој ден очекувајте понуда за нова работа. Од партнерот малку се оддалечивте, па се повеќе забележувате други.

Стрелец
Нервозата мина. Комуникацијата е многу подобра, па денеска ќе остварите интересни контакти. Ќе ви се јави некој од странство, чијшто повик го очекувавте пред неколку дена. Брзо ги трошите парите.

Јарец
Од планираното патување за сега нема ништо, па подобро да ги смените плановите за претстојниот период. На полето на финансиите уште некој ден ќе биде стабилно, а потоа очекувајте потешкотии. Подобра комуникација.

Водолија
На полето на љубовта имате убав период, кој треба добро да го искористите. Доколку не сте во врска, очекувајте многу нови познанства. Ќе имате прилика да почнете сериозна врска.

Риби
Партнерот не се откажува од своите идеи. Нема веќе ни трпение, ниту волја да ги трпи вашите каприци. Доколку ви важно, ќе мора да се потрудите. Очекувајте гости од странство. Здравјето е добро.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *