Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (14.09.2023)

Овен
Некои претставници на овој знак ќе имаат можност да остварат одлична зделка што ќе им донесе подобрување на материјалната состојба. Бидејќи станува збор за лица кои се тврдоглави по природа, можеби е време да се направат некои измени, со цел успехот да биде загарантиран.

Бик
Идеите за кои подолго време размислувате конечно може да добијат своја финална реализација. Иако одлично функционирате, емотивната состојба е сферата што ве загрижува. Бидете тактични и сослушајте што има да ви каже партнерот.

Близнаци
Во однос на соработниците се поставувате супериорно, при што многу лесно наидувате на бариера од нив. Никој не сака да се чувствува помалку вредно во однос на другиот, па затоа научете да бидете колегијални и да им помогнете на оние што имаат потреба од вас.

Рак
Постојано размислувате за работата, бидејќи очекувате поволен исход. Од таа причина можно е да остварите и едно кратко патување. Свесни сте дека ризикот води кон добивка, па затоа во овој период девиза ви е – се’ или ништо.

Лав
Ви недостасува емотивната поддршка од партнерот, но не дозволувајте некој да ги менува вашите потреби или основни критериуми. Партнерот често се откажува од вас, но вие постојано се обидувате да му докажете дека греши за некои работи. Бидете упорни и ќе успеете во замислата.

Девица
Партнерот се обидува да ве расположи на секој начин и да ги исполни вашите очекувања. Емотивното разбирање и заемното дополнување на љубовен план претставуваат позитивен чекор на некои претходни случувања што ве загрижувале.

Терезија
Во љубовниот живот доживувате нова радост и ви годи блискоста и односот со партнерот. Понекогаш и малите нешта имаат големо значење ако правилно ги вреднувате и ги разменувате со блиското лице.

Скорпија
Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите емотивни потреби. Чувствувате емотивна инспирација. Направете се’ што е потребно за да освоите нечие внимание и да добиете искрена наклонетост.

Стрелец
Концентрирани сте кон постигнување на крајната цел што подолго време не успевате да ја финализирате. Брзото донесување одлуки може да ви изгледа како најдобро решение во даден момент, но подоцна може да биде и катастрофално по вас. Затоа размислете и донесете вистинско решение.

Јарец
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат да го ценат тоа и да го препознаат тоа како љубов. Со решително „не“ обидете се да ја избегнете мешаницата, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни самите на себе.

Водолија
Се наоѓате во фаза кога е потребно да направите големи промени за да можете да излезете на крај со сите проблеми. Пред вас е возбудлив и интересен период во кој можете многу да очекувате кога станува збор за емоциите.

Риби
Ви претстои успешен и креативен ден. Независно од тоа што ќе правите, се’ ќе ви поаѓа од рака, со што задоволството ќе биде двојно. Но, бидете внимателни и не сонувајте премногу, бидејќи сите убави моменти имаат свој почеток и крај.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>