Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (03.06.2021)

Овен
Мала ситница прави да се чувствувате одлично. Теми на денот има повеќе, а главни се љубовта и уметноста. Најдобро е да ги искомбинирате и во нив да уживате. Вие тоа го умеете и затоа однесувајте се во согласност со расположението.

Бик
Напнати сте и незадоволни, па се трудите на импусивен начин да се ослободите од тоа. Бидете внимателни тоа може лошо да дејствува на околината. Поради нешто сте емотивно незадоволни, па патите помалку. Мислите дека до се доаѓате со мака, но претерувате.

Близнаци
Доколку се занимавате со бизнис, големи се шансите добро да заработите. Доколку парите ви доцнат, немојте да се нервирате, наскоро ќе пристигнат. Она што треба да ве загрижува е состојбата на нервоза, која лошо влијае на вашето здравје.

Рак
Доколку не го искористивте вистинскиот момент за заработка, немојте да се каете, предоцна е. Аспектите кои укажуваат на добивка веќе поминаа. Ова е успешен професионален ден проследен со контакти со околината. Потрудете се секое недоразбирање со партнерот да го решите на мирен начин.

Лав
Слободните претставници на овој знак сонуваат за фатална љубов. Не дозволувајте сенките од минатото да остават трага на личноста со која сте во врска. Вистинската љубов, не ретко има тажен крај. Посветете внимание на личноста покрај себе.

Девица
Работите полека доаѓаат на свое место. Подобро се чувствувате, здравствените проблеми исчезнаа. Подготвени сте да соработувате со личност со која имате најмногу тешкотии- партнерот. Лесно ви е да се изборите со децата и пријателите , но не и со него. Вклучете го талентот за дипломатија.

Терезија
Остварувате огромен успех кој, пред се, се однесува на работата и друштвото. Љубовта е во втор план, и покрај тоа што слободните припадници на знакот размислуваат за брак. Премногу сте мотивирани, а тоа ви дава сила да планирате.

Скорпија
Привлечни сте и чувствителни на сите. Зголемена ви е смислата за спиритуални теми со широк спектар. Не плашете се од стапици, бидете внимателни и нема да бидете во неволја. Не претерувајте кога се во прашање блиските, особено бидете попустливи спрема партнерот.

Стрелец
Свесни сте за сопствените цели, затоа и целосно сте насочени кон нив. Чувствувате силна потреба за усовршување и учење. На машките припадници на знакот им е потребна жена која знае што сака. Контактирајте со странство во врска со можно патување.

Јарец
Неуморни сте од работа. Остро критикувате сe што ви се спротивставува. Ги совладувате сите пречки и постигнувате одличен успех. Треба да се чувате од давање јавни изјави и напаѓање на другите, може себеси да си направите проблеми. Сетете се дека веќе бевте во слична ситуација.

Водолија
Полека доаѓате на себе. Почнувате нормално да функционирате и да правите ред во работите во кои се изгубивте. Здравствената состојба се подобрува, односите со партнерот исто така. Со еден збор, уживате во сите сфери кои ви причинуваат задоволство.

Риби
Конечно, почнавте да се занимавате со слабата точка на организмот – имунитетот. Ќе успеете и ќе почувствувате многу енергија. Но, доколку се појават посериозни здравствени проблеми, одете на лекар. Односите со партнерот се одлични, уживајте.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>