Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (16.04.2019)

Овен
Доста време поминувате надвор од домот, па сакате да ја почувствувате релаксираната семејна атмосфера. Настојувате желбата некако да ја спроведете во дело. Доколку размислувате за промена на живеалиштето, овој месец е поволен за такви активности.

Бик
Ги анализирате туѓите проблеми и се грижите за туѓите работи. Иако сте комуникативни, сакате да бидете сами, така што го избирате вистинскиот момент кога треба да се извлечете. Музиката, книгата, весникот – ви помагаат на моменти да се наполните со позитивна енергија.

Близнаци
Се грижите за тоа да не ви се случи скандал за којшто не сте директно виновни, а во кој може некој да ве вовлече поради сопственото невнимание. Пред вас е ден полн со интересни средби и со конкретни акции. Ќе бидете задвоволни не само со остварените резултати туку и со самите себе.

Рак
Планирате патување. Сепак, за патот повеќе фантазирате, бидејќи не можете да го реализирате. Кога би се спуштиле на земја, веројатно, не би биле припадник на овој сонувачки знак. Но, има и приземни Ракови. Овие поклоници на материјалните вредности цврсто стојат на земја.

Лав
Наредните денови се успешни за финансиски трансакции. Потребна ви е нечија поддршка за да истраете во сето тоа, а ползата ќе биде повеќекратна. Тежината на нешто што има огромно значење за вас може да ве погоди. Избегнувајте кавги, консумирање цигари и алкохол.

Девица
Односите со околината се базираат на искреност и на доверба, одбегнувајте ги сите ситуации што не се адекватни. Доста ви е од лаги и од измами. Некои работи ги сработувате пред очите на јавноста, но не нервирајте се – ќе бидете забележани. Доколку водите судски спор, можен е застој.

Терезија
Пари, пари, пари… ги цените нештата што ви носат исклучиво практични резултати. Секогаш сте широки, па парите како да ви се лизгаат низ рацете. Почнавте да претерувате, морате да се вразумите и да се свртите кон подлабоката смисла на животот.

Скорпија
Денес одеднаш станувате свесни за сопствените вредности. Благодарејќи на тоа, наредните месеци ќе бидете експедитивни и ќе имате добри ставови. Главната преокупација ќе биде исклучиво остварување на себичните интереси што ќе и пречи на околината.

Стрелец
Одличен ден за комуникации. Изберете обврски што се во врска со комуникации и ќе успеете. Обидете се да ги елиминирате грижите барем за момент. Поради проблемите сте премногу нервозни, а не сте во можност да ги решите. Можни се стомачни проблеми поради неправилна исхрана.

Јарец
Практичната црта на карактерот стапува на сцена. Не претерувајте со работата. Сакате да бидете ангажирани на повеќе страни. Сакате да работите неколку работи истовремено. Доколку имате здравствени проблеми, тие се од психосоматска природа.

Водолија
Пожелно е да бидете доследни. Не правете компромиси, поради нив можете да имате проблеми. Влеговте во одличен период за работа. Надевајте се на унапредување или на промена на статусот. Нека не ве изненадат проблемите, бидејќи секогаш ги имате на тони.

Риби
Одличен ден да играте на берза, доколку имате таква можност. Благодарејќи на креативното размислување, ве очекува успех на сите полиња каде што треба фантазија. На емотивен план се подобрува ситуацијата по подолг период. Не избегнувајте ги Скорпијата и Близнакот.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *