Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (16.01.2018)

Овен
Можни се проблеми што се однесуваат на комуникацијата, патувањата и полагање испити. Внимавајте за да нема поголеми незгоди. Еден Близнак константно ги минира вашите проекти, така што размислувате да го елиминирате од своето опкружување. На вистинскиот пат сте. Малку размислувате за неговите намери.

Бик
Вниманието ви е фокусирано на решавање на важните проблеми и работи. Постигнувате успех, сигурно, што не значи дека треба да ја занемарите околината. Партнерот се чувствува запоставено и смета дека нема да ви биде од корист. Дозволете му да ви помогне, зашто во спротивно ќе ги исцрпите своите скромни резерви на нерви и енергија.

Близнаци
Здравствената ситуација не е блескава: стомачните проблеми ги ограничуваат вашите активности, а можен е и проблем со билирубините во крвта. Преземете нешто. Финансиската добивка од поголеми размери ви го подобрува расположението. Прашање е колку долго тоа ќе ве држи? Еден Стрелец се обидува да ве шармира.

Рак
Бидејќи чувствувате потреба за осаменост, дистанцирајте се од околината. По вообичаените активности, утеха најдете во домашната атмосфера. Уште ако се снабдите и со модни списанија и стручна литература, поголеми се шансите да минете успешен ден и психички да закрепнете. Не грижете се за приказните отстрана.

Лав
Кусиот работен одмор Лавовите го користат да фантазираат за фатална љубов. Не дозволувајте сенките од минатото, кои оставиле траги, да влијаат на реалното лице со кое сте во врска. Не се живее од идеалите. Вистинските љубови имаат тажен крај. Посветете му внимание на лицето што е крај вас. Љубовта не е она што мислите.

Девица
Иако работите доцнат, сепак, стигнуваат кога најмалку се надевате. Финансиската добивка ви го подобрува расположението, додека односите со саканото лице бараат сериозен разговор. Кризата на многу фронтови укажува дека трпеливо треба да го чекате вистинскиот момент. Смирете се на еден- два дена.

Терезија
Повеќе ви одговараат работи од вербална природа. Доколку успеете да ги реализирате се’ ќе биде в ред. Во спротивно, се нервирате и за се’ го обвинувате саканото лице. Многу Терезии се во потрага по нова љубов. Притоа би требало малку да ги намалите критериумите. Овенот е идеална комбинација за тоа.

Скорпија
Вложувате напор да ги надминете не само сопствените проблеми, туку и проблемите на пријателите. Иако не се чувствувате прекрасно, се тешите со тоа што сте лице кое исклучително брзо закрепнува од стресови и болести. Главата горе. Наскоро се’ ќе биде многу подобро. Свртете се кон љубовта.

Стрелец
Сакате да се наметнете во нешто за што не сте способни. Некои од соработниците ќе Ве закочат веднаш штом ќе тргнете во акција. Проблемите со здравјето се врзани за неконтролирано внесување храна. Слаба точка на организмот се стомакот и жлездите со внатрешно лачење.

Јарец
Краткиот одмор влијае да се чувствувате фантастично. Има повеќе теми на денот, а главни се љубовта и уметноста. Најдобро е да се комбинираат и во нив целосно да уживате. Вие добро го умеете тоа, зашто се однесувате во согласност со расположението. Убавите зборови на партнерот и прекрасниот секс ве носат на „седмо небо“.

Водолија
Здравствената ситуација се подобрува, а со тоа и расположението. Се чувствувате прекрасно и планирате нови „лудости“, без кои вашиот живот не би имал смисла. Каде се видело сериозна Водолија, кај која однапред се знае што ќе се случи? Можеби на филм. Саканото лице чека да и’ се придружите и да ја охрабрите.

Риби
Многу припадници на знакот доживуваат некој вид измама. Фантазијата е изразена, па доколку енергијата не ја насочите на неа, нема шанси да минете убав ден и да бидете задоволни. Доколку се свртите кон реалноста, ќе забележите многу работи. Пожелно е накратко да замижите и да го смените начинот на гледање.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>