Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (15.02.2021)

ОВЕН
Одлично сте расположени. Искористете ги позитивните вибрации за да му помогнете на пријателот кој е во неволја. Обидете се да им објасните на најблиските дека и вам ви треба галење. Најдете начин да го добиете тоа што ви е потребно.

БИК
Не откажувајте се во моментот кога сте на прагот на реализација на вашата идеја. Само со упорност и истрајност може да го решите проблемот. Олеснителна околност е поддршката од саканото лице, кое прави се за да ви помогне да ја надминете кризата.

БЛИЗНАЦИ
Важите за личност која знае да ужива во ситници, но денеска ќе ви треба многу повеќе, нешто покрупно. Што сакате? Работата ви оди од рака, финансиската ситуација е подобра отколку во почетокот на годината, а и во емотивниот живот ви се случија убави промени.

РАК
Ве очекува пријатно друштво со кое ќе ги разменувате идеите и ќе ги делите убавите моменти. Никој како вас не умее да се дружи толку убаво кога сака. Моментално сте во фаза кога осаменоста ве оптоварува, па се обидувате да ја одбегнете на секој можен начин.

ЛАВ
Полека почнувате да се заморувате од луѓето со кои сте опкружени, а за осаменост можете само да мечтаете, иако одморот ви е повеќе од потребен. Стрпете се и обидете се да ја видите позитивната страна. Не анализирајте премногу.

ДЕВИЦА
Стресната состојба во која се наоѓате е последица на пријатни настани. Со вас се случуваат разни работи, па обидете се од нив да извлечете некаква поука. Ситуацијата бара темелност и истрајност, а токму со нив можете денеска да се пофалите.

ТЕРЕЗИЈА
Денешниов ден е идеален да наплатите некои стари долгови. Доста беше толеранција, време е да си го земете тоа што ви припаѓа. Емотивниот живот ви е релативно возбудлив, а денеска во него може да влезе некој што ќе ве заинтригира до бесвест.

СКОРПИЈА
Мора да се занимавате со спорт и со други физички активности за да го исфрлите насобраниот стрес. Во спротивно ќе мора да се соочите со проблеми. Со една Водолија имате хаотичен однос. Не обидувајте се да го поправите. Свртете се спрема себеси.

СТРЕЛЕЦ
Доколку чувствувате дека сте се оддалечиле од саканото лице, денеска е вре-ме да поразговарате за тоа. Ве очекува напорен ден, но не смеете да ја про-пуштите вечерта и да ги подобрите односите. Имајте на ум дека за некои работи вреди да се борите!

ЈАРЕЦ
Не дозволувајте да ве преокупираат црни мисли. Закопајте ги во минатото и тргнете со полни едра напред, зашто денеска ќе ви се случуваат само убави работи. На емотивен план ве чека едно изненадување. Бидете трпеливи.

ВОДОЛИЈА
Денеска е идеален ден за да покажете дека сте финансиски гениј. Поседувате одлична комбинација на ладнокрвност и здрав разум. Искористете ја стручната експертиза и направете избор. Вечерва препуштете и се на романтиката.

РИБИ
Обидете се да се воздржите од емотивни и хистерични напади. Најверојатно, ќе слушнете некаков трач што не е вистинит. Задржете го бесот за себе и не давајте им го задоволството на другите да ве видат лути и нервозни.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *