Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (15.02.2018)

Овен
Уморот е знак дека сте претерале со работата. Препуштете си малку одмор и уживање. Повикајте го стариот пријател од странство, бидејќи тој контакт може да ви биди од голема корист. Не претерувајте со јадење и пиење. Гледајте што повеќе внимание да посветите на вашето здравје.

Бик
Ве очекуваат големи подготовки. Со радост ги прифаќате, иако се плашите. Тоа е нормална појава бидејќи во човековата природа секогаш е присутен стравот од непознато. Кога би се отвориле за иновации, далеку ќе стигнете.

Близнаци
Ви годат љубовта и уметноста. Се трудите во тој стил да функционирате. Фантастично се чувствувате под услов да ги слушате своите внатрешни потреби и да се обидите да ги реализирате. Во спротивно ако се жртвувате за другите нервозата и незадоволството не ви бегаат.

Рак
Пожелно е да се спуштите на земја кога станува збор за подготвување на планови. Доколку имате здравствени проблеми, препишете им го тоа на планетите. Склоноста кон настинки и вирусни инфекции проследена со малаксаност е доста нагласена. Одмарајте се. Се’ останото може да причека.

Лав
Бидејќи неуморно работите и максимално се исцрпувате можна е нервоза комбинирана со емотивна напнатост. Запрашајте се дали сте ги прецениле своите и не баш така сјајни можности? Тешко на оној кој ќе се обиде да ви стапне на пета и да ве ограничи во слободата.

Девица
Денот како да е создаден за уживање. Можеби сте заборавиле како тоа изгледа, но ќе се потсетите. Љубовта, уметничките настани и многу други погодности моментално се пред вас. Само доколку се преокупирате со нешто друго, ќе ги расипите пријатните моменти. Не дозволувајте да дојде до тоа.

Терезија
Времето брзо лета, па дури да трепните на вашите проблеми ќе им дојде крај. Размислувањата за продажба на недвижности се залудни, па одложете го тоа. Избегнувајте гужви и внимавајте на сопственото здравје. Можноста да настинете постои. Општата состојба на организмот не е идеална.

Скорпија
За нешто интензивно мечтаете. Грешите бидејќи не уживате во сегашните моменти. Сакате однапред да се осигурате, но вишите околности во тоа ви сметаат. Не паничете се ќе биде во ред. Работата која е актуелна моментално ве исцрпува повеќе отколку што е дозволено. Подгответе се за патување.

Стрелец
Работата се одвива по задоволувачко темпо, но сакате да забрзате. Кога подобро ќе размислите немате потреба да ги забрзувате нештата. Доколку го намалите темпото ќе бидете задоволни и ќе ја избегните изложеноста на ризици. Намалете со активностите и бидете внимателни. Ќе ја надмините кризата успешно.

Јарец
Иако ситуацијата ветува вие сте песимист. Недовербата ве блокира и ограничува во размислувањето. Тоа е типична карактеристика на Јарците. Серизоно гледате на животот, идеално на љубовта, така што од постојаниот партнер сакате на извесно време да се дистанцирате. Ќе постигнете деловен успех.

Водолија
Окупирани сте со љубовта. Треба сите шанси да ги искористите на тоа поле. Никој не се сомнева дека ќе останете скратени за нешто. Ви годи сознанието дека сте сакани и вашиот партнер да не гуши со чести изливи на нежност. Имате одврани раце за се. Тоа е вистинското.

Риби
Бидејќи сте се нервирале и сте исцрпени од работа морате да се одморите. Самотојата е вситинскиот лек. Ви помага да ги средите впечатоците и да направите планови за следните чекори. Единствено само партнерот под услов да не ви е досаден може да ви прави друштво. Останатите се вишок. Вистински момент за релаксација.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *