Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (14.11.2017)

ОВЕН
Упорни сте, а тоа посебно ќе дојде до израз денеска. Би требало да го насочите вниманието во тој правец. Запомнете дека с уште напредувате. Продолжете да учите и целиот вложен труд ќе ви се врати. Доколку не верувате – пробајте!

БИК
Пријателите ќе се обидат да ги нарушат вашите деловни планови, но ќе успеат само ако вие им дозволите. Бидете паметни, завршете си ја работата, а потоа правете им друштво на оние што ве канат на забава. На крајот од денот ќе бидете задоволни.

БЛИЗНАЦИ
Клуч сте на туѓиот успех, посебно денес. Ви годат забавите, а на сериозните работи гледате со извесна доза хумор. Имате желба за водење љубов во комбинација со креативна работа. Обидете се да ги обедините обете работи.

РАК
Ќе мора да најдете начин како безболно да ги примате критиките, зашто ако продолжите вака, ќе се разболите. Мора да сфатите дека лицето од кое доаѓаат ве сака и ве почитува, а тоа што ви го зборува е најдобронамерно. Забележете каде грешите.

ЛАВ
Ве тераат да дадете максимум од себе и да биде најдобри, а вие се чудите како може најдобрите да бидат уште подобри. Штом е така, можеби е време да се спуштите на земја и да сфатите дека околу вас има луѓе кои, исто така, се интелигентни и интересни.

ДЕВИЦА
Посветувате големо внимание на работата. Денеска ќе се бара од вас перфекција, а дури и најмала грешка би можела да ве доведе и вас и другите до лудило, а на тој начин би пропаднала целата работа. Затоа изострете ги сетилата.

ТЕРЕЗИЈА
Успешно ги собирате деталите, на многу суптилен и ненападен начин. Воздржани сте и штедливи над очекувањата, но можеби во извесна ситуација ќе мора да се фатите за џебот и да платите нешто. Пријателите веќе се нервираат поради ваквото однесување.

СКОРПИЈА
Доколку би имале тони пари, на што би ги потрошиле? Играчки? Нови начини на забава? Тоа би сакале да го правите денеска, но, за жал, нема да се оствари. Единствено решение е да најдете некој што има пари и кој сака да вложува во вас. Малку тешко? За вас ништо не е невозможно.

СТРЕЛЕЦ
Збунети сте од сопствените чувства. Предолго се боревте и сега сте уморни. Се што сакате е некој да ве изгушка и да ве гали. Можеби ќе ви се оствари вашата желба доколку го направите првиот чекор? Не мислете се, бидете храбри.

ЈАРЕЦ
Ви се насмевнува среќата. Прво на финансиски план, а потоа и на полето на љубовта. Парите ќе дојдат од насока која одамна сте ја заборавиле и сте престанале да се надевате дека вложеното некогаш ќе ви се исплати. Е, па, дојде токму тој ден!

ВОДОЛИЈА
Направивте вистински хаос и сега е време да ги исчистите последиците од нередот. Не сте баш одушевени со ова сознание, но некој мора да го направи и тоа. Најдобро би било да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Колку порано толку подобро!

РИБИ
Купувате, купувате и само купувате! Конечно дојдовте до некој екстра-денар, па сега мора да го истрошите дури и на работи кои воопшто не ви се потребни. Лесно заборавате на мизеријата во која бевте во изминатиов период. Свестете се!




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *