Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (14.10.2017)

Овен
Влегувате во минлив период на преиспитување на своите чувства. Ќе посакате промена. Внимателно обработете и подгответе секоја важна деловна информација. Внимавајте на својот изглед. Бидете уредни. Проверете ги примените вести.

Бик
Не дозволувајте деловните проблеми да ја нарушат хармонијата во вашиот интимен живот. Поправете ги расипаните апарати и направете ги неопходните поправки во својот дом. Можни се минливи пречки во дишењето. Бранете ги своите животни уверувања.

Близнаци
Околностите се погодни за зближување со личноста што ве привлекува на интелектуално ниво. Вашите планови ќе бидат изложени на туѓи погледи. Имате конкуренција. Внимавајте на притисокот, срцето и расположението. Во донесувањето на заклучоци држете се до фактите.

Рак
Нема да бидете доволно смирени за улогата што сами себе си ја наметнавте. Одложете ги плановите! На работното место можни се сплетки, но немојте да учествувате во нив. Пред да се напиете од некој лек, прочитајте го упатството. Не го покажувајте немирот што тлее во вас!

Лав
Партнерот гледа и слуша повеќе отколку што мислите вие. Ќе напредуваат оние што се занимаваат со интелектуална работа. Чувајте се од настинки и внимавајте на здравата храна. Наметнете се со своите идеи.

Девица
Немојте премногу да им се давате на оние што не знаат тоа да го ценат и да го препознаат тоа како љубов. Со решително „не“ обидете се да ја избегнете мешаницата, здодевните посети и исцрпувачките полемики. Потребна ви е промена на климата. Бидете доследни самите на себе.

Терезија
Совршени прилики ќе ги следат вљубените и оние што се на пат да се вљубат. Денот е погоден за финансиски трансакции, соработка со пријателите и работа со децата. Ќе бидете исполнети со позитивна енергија. Забавувајте се во друштво.

Скорпија
Прашањата врзани за домаќинството и однесувањето на блиските ќе бараат поголема концентрација. Време е да се фатите во костец со неплатените сметки и трошоци. Искористете ги моментите на самотија. Избегнувајте стресни ситуации.

Стрелец
Привлекувате личност за која не сте сигурни дали одговара на вашиот идеален тип. До израз ќе дојде вашата грижливост, практичност и подготвеност за напорна работа. Ќе ви помогне медитацијата и вежбите за истегнување.

Јарец
Периодов е исклучително поволен за купување, договорање на соработка и преговори околу парите. Омилени сте, привлечни и задоволни со себе. Забавувајте се со пријателите, но и уживајте на работното место каде ве очекуваат многу успеси и убави настани.

Водолија
Љубовниот живот ви минува низ хармоничен период, но ви сте премногу уморни за нежности. Многу нешта ќе ви бидат нејасни и неизвесни. Не се наметнувајте премногу. Позанимавајте се со надворешниот изглед. Во ништо не претерувајте.

Риби
Среќата ви тропа на врата. Одговорете на нејзиниот повик и бидете сигурни дека нема да зажалите. На работа немате конкуренција. Имате можност да покажете се’ што знаете и умеете. Од храната исфрлете ги маснотиите и слатките. Со студена глава анализирајте ја ситуацијата.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>