Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (14.06.2019)

Овен
Успеавте барем малку да постигнете душевен мир. Сега не дозволувајте никој да го расипе. На работното место ви се советува да бидете ладнокрвни, бидејќи само така ќе можете да владеете со непријатните ситуации. Кога е здравјето во прашање, можна е главоболка, но бидете сигурни дека тој проблем го создаваат синусите.

Бик
Крајно време е да поведете сметка на кого му се доверувате. Следните случувања ќе бараат од вас дискреција, но и брзи рефлекси. На работно поле – планови, планови и само планови. Само трпеливо и ладнокрвно, и ќе го реализирате сето она што сте го наумиле. Слаба точка на сите Бикови ќе бидат жлездите и хормоните.

Близнаци
Мора да станете цврсти и да се опаметите, па се ќе биде в ред. Во спротивно, се ќе се одвива по некоја стара шема. На работното поле ќе покажете амбициозност. Бидејќи енергијата е силна, ќе постигнете енормни резултати. Кога станува збор за здравјето – депресија и меланхолија. Сепак, тоа не е болест, туку начин на размислување.

Рак
Ако успеете барем малку да се оддалечите од главниот проблем, ќе можете реално да го согледате. На работното место ќе сакате да напредувате. Ѕвездите ќе им бидат наклонети на Раковите што се занимаваат со интелектуална работа. Кога е здравјето во прашање, некоја прошетка во природа може да ви помогне да постигнете внатрешна хармонија.

Лав
Суетата на Лавот е изразена, па затоа уживате во полн сјај и луксуз. Ќе ве опсипуваат со комплименти од сите страни. Една од главните причини е тоа што сте слепи за вистинската ситуација. Кога е работата во прашање, ќе бидете неодлучни. Ќе избегнувате одговорност и лично залагање. Кога станува збор за здравјето, вие сте во одлична форма.

Девица
Од вас се очекува да бидете истрајни, бидејќи само така ќе остварите видливи резултати. Ако ги оставате работите недовршени, ќе имате само проблеми. Работната експанзија е евидентна. Иако се во прашање ситници, задоволно ги триете рацете. Еден проект ќе ве направи малку несигурни, но сето тоа ќе биде без причина. Кога е здравјето во прашање, можни се проблеми со крвниот притисок.

Вага
Ќе се најдете пред значајни промени. Бидете реални. Не очекувајте премногу за да не се разочарате. Зошто се оптоварувате само со трачови? На работното место ќе се занимавате со некои детали, па сето тоа негативно ќе се одрази врз вашата работа. Толку многу сте окупирани со планови, па немате време да размислувате за вашето здравје. Некои Ваги очекуваат промена на подобро.

Скорпија
Зошто сте рамнодушни? Во фаза сте на константно преиспитување и размислување околу тоа што да направите за да ја подобрите ситуацијата која веќе почна да излегува од контрола. Кога е здравјето во прашање, ќе имате некои проблеми со вените, болки во нозете, а можна е и депресивна состојба. За почеток, носете удобна облека и не префрлајте ја вината на себе.

Стрелец
Каква одлука и да донесете, каењето не ви бега. Лошите мисли понекогаш можат да бидат погубни, па затоа сфатете го тоа и не трошете се емотивно. На работното место ќе бидете опкружени со лица во кои немате доволно доверба. Сепак, ќе ви биде лесно, бидејќи ќе поседувате конструктивни идеи. Кога е здравјето во прашање, можни се некои стомачни проблеми.

Јарец
Крајно време е да се свртите кон духовноста. На работно поле ќе вложите максимум енергија, па затоа ќе следува и некоја материјална добивка. Кога е здравјето во прашање, главоболката може негативно да влијае на вашето расположение. Со некоја Девица ќе создадете романтични моменти. Сепак, не анализирајте ги премногу туѓите чувства.

Водолија
Уживате во секој момент. Доколку не се точни прогнозите, тогаш проблемот е во вас. Некаде грешите. На работното поле ќе ги совладате сите пречки со голема леснотија. Ќе постигнете завидни резултати. Срцето и хормоните се главните проблеми, но не поради нервози, туку поради претерување со храна и со други ситни задоволства. На љубовно поле постојано ќе го идеализирате партнерот.

Риби
Ситуацијата бара да се приспособите на некоја нова ситуација. Бидејќи расудувате правилно, лесно ќе го сторите тоа. Некои Терезии ќе ве нервираат. Не реагирајте премногу емотивно на сето тоа. На работното поле ви претстои одличен период за склучување договори, учење и образование. Кога е здравјето во прашање, немате некои посериозни проблеми.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *