Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (14.03.2018)

Овен
Работата бара промена на начинот на работа или користење на нови технолошки достигнувања. Бидејќи сакате пионерски потфати, овој факт го прифаќате со леснотија. Проблемот се создава кога треба да се соочите со сфаќања различни од вашите. Се карате и се нервирате. Бидете внимателни поради можност од повреди.

Бик
Благодарение на инвентивноста, ги решавате деловните проблеми. На деловен план, функционирате релативно добро, што не може да се каже за односите со спротивниот пол. Тука тврдоглаво докажувате дека сте во право, зашто не умеете да бидете итри и тактични. Кога подобро ќе размислите, токму вие сте личноста која од оваа ситуација излегува со покуси ракави.

Близнаци
Се наоѓате во преодна фаза. Свесни сте за фактот дека она што вам ви се случува не може долго да трае. Размислувајќи само за тоа, себеси си го расипувате задоволството. Пожелно е да се опуштите и да уживате не само во пријатните љубовни случувања, туку и во реализацијата на извесни уметнички идеи. Потрудете се да живеете во овој момент.

Рак
Не се чувствувате најдобро, иако без видливи причини. Свртете се само кон себе и кон сопственото здравје. Обидете се со мерки за превенција да го санирате проблемот. Пијте витамини и шетајте. Евидентно е дека се наоѓате пред важни животни промени што бараат приспособување.

Лав
Се наоѓате пред нови почетоци. За некои Лавови тие почетоци се добри, за некои не – во зависност од заслугите. Бидејќи своите идеи безобзирно и’ ги наметнувате на околината, дали сте се прашале колку тоа ја нервира? Можеби би требало да смените нешто кај себе? Најтешко е да се ослободиме од старите лоши навики. Дојде часот тоа да го сторите.

Девица
Иако анализирате до детали се’ околу себе, свесни сте дека ви е убаво, но живеете во страв не знаејќи колку тоа ќе трае. Искористете го тоа што сите работи ги извршувате со леснотија, но не запоставувајте ги ниту емотивните потреби. Партнерот ќе биде изненаден од непристојниот предлог од ваша страна. Не се надевал на тоа.

Терезија
Задоволни сте со постигнатото, но исклучиво на деловен план. Кога се во прашање контактите со околината, проектирате сопствени незадоволства, се карате и донесувате непромислени одлуки. Некои Терезии се во фаза на вљубеност. Раковите моментално најмногу одговараат. Ниту Водолијата не е лошо решение.

Скорпија
Тимската работа носи голем успех. Можни се несогласувања со саканата личност, кои ве предизвикуваат да размислувате и за тоа од се’ да дигнете раце. Бидете трпеливи, зашто времето ќе покаже дали и во која мерка сте еден за друг. Пожелно е деновиве да се свртите кон работата. Љубовта може да почека поповолен момент.

Стрелец
Самоуверени сте во извесна ситуација, но се поставува прашањето дали и во колкава мерка таа е безбедна. Ѕвездите ви се наклонети, а незадоволството минливо. Стрпете се некој ден, зашто ќе бидете пред разновидни искушенија. Ништо страшно, под услов на време да се осигурате. Памет во глава!

Јарец
Сакате да се откажете од работата во која долго сте вложувале и во која сте се надевале. Во фаза сте на прекинување на преговорите, разделби и повлекување. Ако се здружите со личност родена во знакот на Рак, ќе бидете во ситуација да си плачете на рамо еден на друг. Кога подобро ќе размислите, патувањето е единствено можно решение.

Водолија
Ситуацијата бара брзи одлуки и брзи рефлекси. Тоа може да ве доведе до губење на самоконтролата и разни возбудувања. Размислете дали ви работат сите домашни апарати, за да ја спречите штетата во вид на поплава и пожар. Кон крајот на денот ќе бидете задоволни, зашто успехот е неминовен, и покрај изненадувањата.

Риби
Работата со која се занимавате и грижата за еден од родителите, можат да ве оптоварат во толкава мерка, да станете нервозни и кавгаџии. Бидејќи не можете да влијаете на околностите, направете краток одмор и свртете се кон оние на кои вашата помош им е неопходна, за да им ги олесните маките. Сепак, поведете сметка и за себе, зашто не сте во форма.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *