Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (18.11.2022)

Овен
Денес сте премногу сериозни. Многу сте уморни и бурно реагирате на секоја ситница. Незадоволни сте од ситуацијата на работното место, како и со финансиската состојба. Партнерот ве нервира.

Бик
Ова не ви е поволен ден за љубов, па најдобро е денес малку да се повлечете и да бидете сами. Во спротивно лесно ќе дојде до несогласување со партнерот. Здравјето не ви е најдобро. Користете повеќе овошје во исхраната.

Близнаци
Пријателите кои до неодамна ви беа огромна поддршка, изгледа како полека да ви го вртат грбот. Размислете зошто. Емотивниот живот ви е нестабилен. Можни се здравствени проблеми.

Рак
Иако денот почна со несогласување меѓу вас и партнерот, а продолжи со проблеми на работа, сепак, на крај ќе бидете задоволни од финансискиот ефект. Помалку зборувајте. Можни се здравствени проблеми.

Лав
Пред вас е еден од оние денови кога сте сосема неодоливи за спротивниот пол. Еротската привлечност со која зрачите никого не го остава рамнодушен. Недоразбирање на работа и во фамилијата. Здравствени проблеми.

Девица
Ова дефинитивно не е ваш ден. Односот со партнерот е комплициран, а вие од некои чудни причини сте склони кон лутење. Финансиската состојба ве полудува. Можност за нов почеток.

Терезија
Можеби е добро да бидете потактички со партнерот. Изгледа дека денес сериозно ќе се повредите. Советот од пријателите ќе се покаже како многу исправен. Слаба финансиска состојба.

Скорпија
Склони сте кон бескорисно расправање кое ве заморува и ви ги расипува односите. Многу работите, но ќе ви се исплати. Ве очекува деловен успех. Здравјето е нестабилно. Одложете го патувањето.

Стрелец
Очекувајте од другите да покажат повеќе љубов кон вас, а притоа заборавате на сами себе да си ја дадете таа љубов. Нестабилната емотивна состојба ве прави помалку успешни на работното место. Недостаток на пари.

Јарец
Ситуацијата во фамилијата и односот со партнерот повторно влегува во криза. Можеби причина за тоа е вашиот хроничен замор, поради која сте помалку толерантни во последно време. Можно е деловно промашување.

Водолија
Вашиот вчерашен финансиски успех денес има тенденција да биди заменет со потполн неуспех. Избегнувајте конфликтни ситуации. Можни се недоразбирања и проблеми во сообраќајот.

Риби
Денес ќе имате поголеми обврски. Односите на работа се нестабилни, што дополнително ќе ве онерасположи. Можен е конфликт со шефот. Љубовниот живот ви е во криза. Здравјето ви е подобро, но, сепак, ќе биде добро да посетите лекар.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>