Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (10.03.2022)

ОВЕН
Внимавајте што зборувате, зашто оваа недела е лоша за комуникација. Одберете го молчењето. Не сте објективни во проценката на деловната ситуација. Стартувате од далеку полоша позиција отколку што мислите. Бидете практични.

БИК
Некој константно го тренира вашето трпение. Ве фаќа блага паника, но не сте во право, зашто ситуацијата е повеќе од сигурна. Не трошете ја енергијата на беспотребни стравувања. Ова е одличен период доколку мислите на својата иднина.

БЛИЗНАЦИ
Фантастично се чувствувате, активни сте и комуникативни. Проблемот е во тоа што ги започнувате работите, но тешко ги приведувате кон крајот. Во емотивна смисла сте љубопитни. Лавовите или Водолиите не се за потценување.

РАК
Практично сте ориентирани, а токму во таа насока одат сите работи оваа недела. Не оптеретувајте се со фантазиите. Вредно ги извршувате работите, си молчите и работите. Резултатите се видливи, а промената на работното место – можна.

ЛАВ
Се соочувате со проблеми на сите страни. Не очајувајте: лесно може да ги пребродите- потребна ви е организација комбинирана со тренинг. Не сте задоволни од работата и меѓучовечките односи. Ги криете проблемите во себе, а со тоа само се напластуваат.

ДЕВИЦА
Окупирани сте со материјалните проекти и работа, така што сите други комбинации паѓаат во вода. Доколку добиете понуда за нова работа, нема потреба од двоумење – прифатете без да размислувате. Се наоѓате во фаза на подобрување на здравствената состојба.

ТЕРЕЗИЈА
Ви се случуваат работи за кои немате реално објаснување. Веројатно заслужувате повеќе, па затоа сте незадоволни. Се наоѓате во заблуда. Ги помешавте работите: внесувате емоции, таму каде што е потребен разум и обратно.

СКОРПИЈА
Мислите еднострано: во право сте само вие, а на останатите им ги препишувате маните. Сте се запрашале ли за сопствената објективност? Со своето залагање остварувате завидливи резултати во друштвениот, политички и научен живот, а и во останатите сегменти од животот.

СТРЕЛЕЦ
До сите работи доаѓате со голема мака. Немате мотивација за работа, а се соочувате и со здравствени проблеми. Препукувањата со некоја Водолија, Рак или Овен се уште една причина за вашето незадоволство. Подобро ќе се чувствувате во друштво, па затоа дружете се неделава повеќе.

ЈАРЕЦ
Завршувате еден животен циклус и влегувате во нов. Кон крајот на неделава имате одлични шанси за успех на работното место. Ве очекува подобрување на ситуацијата која ќе резултира со собирање на плодовите. Без оглед на тоа што се чувствувате подобро, не претерувајте со активностите.

ВОДОЛИЈА
Преплавени сте со чувства до таа мера што се граничи со патологија. Можеби имате нешто што се нарекува здрав разум?! Време е да го употребите. Недоразбирањата со соработниците и стравовите поврзани со работата ве загрижуваат, но кога ќе размислите подобро, глупаво е однапред да паничите, иако тоа е посилно од вас.

РИБИ
Се наоѓате во фаза на нови планови и почетоци. Не се откажувате за ништо на светот. Упорни сте до максимум, се соочувате со некои принципи, но тоа не ве обесхрабрува. Ова е одличен период за вас. Што се однесува до љубовта, ќе ставите точка на нешто и ќе почнете во нов стил.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>