Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за сабота (13.10.2018)

Овен
Идеален период да размислите за новите работи. Бидејќи на емотивен план стигнавте до посакуваната цел можете да мечтаете за нов квалитет на врската. Делувате фасцинантно на околината. Понекогаш умеете да ја искористите предноста и ефикасно да дојдете до целта.

Бик
Дали сте размислувале за тоа дека премногу зборувате? И дека честопати умеете да се истрчате, па подоцна да се каете? Се наоѓате во многу чувствителна ситуација. Емоциите ви се измешани и зовриени како последница на еден неодамнешен конфликт со близок пријател.

Близнаци
Мора да го поправите расположението. Тешко е да се менувате, но вие сте затворени, срамежливи и незадоволни без причина. Успехот и парите се околу вас, а вие треба само да ги соберете. Новата љубов ќе ви го разубави денот.

Рак
Деловен успех, емотивна нестабилност. Да се радувате или нервирате? Радувајте се зашто љубовните несогласувања имаат минлив карактер, а смирувањето може да ја зацврсти врската. На емотивен план се појавуваат разни ограничувања предизвикани од вашите неконтролирани постапки.

Лав
Плановите се остваруваат, па можете да бидете задоволни. Бидејќи повеќемината од вас имаат немирна природа, можно е да се јави мала тензија. Не брзајте со активностите и чувајте си ги работите, а посебно портмонето. Емотивно сте задоволни.

Девица
Ќе постигнете успех, но со нечија поддршка и помош. Конструктивните критики се на место и ги условуват наредните случувања. Соработниците сфаќаат дека сте во право, па решаваат да попуштат. Емотивно сте незадоволни, а за тоа е виновен партнерот.

Терезија
Одличен деловен период пропратен со финансиски успех. Ќе се исплатат сите ваши нервози и смели вложувања. Можни се здравствени проблеми и лоша крвна слика. Зајакнете го имунитетот со исхрана богата со витамини. Еден Бик ќе ве ифрли од колосек.

Скорпија
Осцилациите во расположението стануваат се почести. Не сте свесни за моменталната состојба, па запаѓате во депресија. Немате причина така да се чувствувате, зашто тоа за кое мечтаете кога- тогаш ќе се оствари. Преостри сте кон околината и партнерот. Смирете се малку.

Стрелец
Особината на добар психолог ви оди во прилог. Од неа имате поголема корист отколку што можете да претпоставите. Никому нема да му успее да ве насамари. Ја држите деловната ситуација под цврста контрола. Соработката со еден Лав ќе се покаже како одлична.

Јарец
Зборувате само за љубовта. Преплавени сте со чувства, не само машки-женски, туку и оние кои се врзани со драгите луѓе, децата и пријателите. Бидејќи никој не се меша во вашата работа, добро се чувствувате. Уживате во сите сфери на животот онака како што умеете само вие- до максимум!

Водолија
Се наоѓате во нова, досега непозната ситуација за вас. Чувствувате огромна празнина во душата, во срцето, како да лебдите, а сепак, стоите zаковани во место. Што се случува со вас? Каде се изгубивте? Во главата ви се вртат разни приказни, мисли, товарот ве убива.

Риби
Размислувате за љубовта, свесни сте за недостатоците на партнерот. Бидејќи грешите кога е љубовта во прашање, почекајте да мине време и страстите да се стишат. Во меѓувреме концентрирајте се на работата. Пред вас е убав и креативен ден.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>