Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за петок (13.10.2017)

Овен
Бидејќи самотијата во двојка ви одговара, обидете се да се изолирате од луѓето. Ќе имате време да се одморите и за се’ да размислите. Дека некои ваши потези навистина биле на место и што во одредена ситуација сте можеле подобро да направите? Има безброј прашања, па разговорот сами со себе и сопствената совест се вистинската работа. Љубовта и понатаму цвета.

Бик
Премногу очекувате од моменталната ситуација. Морате да заземете практичен став кон проблемот. Барем вие сте земјен знак, кој има смисла за конкретни работи. Кога е така, тогаш однесувајте се според тоа. Морате подобро да ги проценувате луѓето, за подоцна да не се каете. Помалку озборувајте.

Близнаци
Убавиот збор железни врати отвора. Бидејќи вербално во толкава мерка се испразнивте, носите одлука да бидете помили и поодмерени во комуникацијата со околината. Немате време за губење, зашто новата работа и инвестициите премногу ве окупираат за да се посветите само на тоа. Другите работи се во втор план.

Рак
Влеговте во поповолен период, па се’ ви изгледа поедноставно. Очекувате многу од некои случувања врзани за странство. Повик од далеку, или писмо ќе влијае на некои ваши одлуки. Од корен го менувате пристапот кон проблемите, зашто стимулансите стигнуваат кога најмалку се надевате. Мотивирани сте за нови почетоци.

Лав
Влеговте во период на недисциплина, барем кога е во прашање храната. Не можете да им одолеете на слатките. Бидејќи смислата за уметност е нагласена, ќе бидете задоволни доколку остварите некои креативни амбиции. Иако партнерот многу ви значи, не сакате тоа да го признаете, особено нему. Тој очекува малку внимание од ваша страна.

Девица
Пријатно ви под зраците на Венера. Неа можете да сте и’ благодарни, не само за чувството за среќа и хармонија, туку и за други нешта – нова работа, на пример. Дишете со полни гради, уживајте во ситници и не оптоварувајте се со неважни работи. Ќе имате време за се’. Избегнувајте Овнови, зашто може само да ве нервираат.

Терезија
Ќе бидете среќни доколку направите некое добро дело. Ќе дојде од израз вашата несебична природа склона да им угоди на сите. ве очекува успех во посредништво од било кој вид. Вие би биле одличен наводаџија. Сте забележале ли дека повеќе им носите среќа на другите отколку себеси? Можни се проблеми со исхраната и приспособувањето.

Скорпија
Денот е во знакот на љубовта, забавата, децата и хобито. Уште ако сакате да се коцкате? Обидете се со игрите на среќа, зашто од нив можете да имате корист. Бидејќи работата бара повеќе труд отколку што сте подготвени да вложите, свртете се на забавата. Нема да можете да побегнете од обврските. Убаво се чувствувате и уште поубаво изгледате.

Стрелец
Многу припадници на овој знак ќе бидат љубоморни без причина на саканата личност. Нека се прашаат каде грешат, зашто моменталната состојба е болна. Се работи за несигурност. Морате повеќе да верувате во сопствените вредности и да се цените себеси, како што тоа би го правеле другите. Очекувате гости. Домот го обновувате со нов мебел.

Јарец
Кога секогаш би биле токму слатки и мили, како денеска, каде би ви бил крајот? Сфаќате дека со кавга само го губите времето, па го потенцирате шармот и итрината. Планирате кратко парување или некој вид усовршување, од кое многу очекувате. Контактите со роднините, за чудо, ќе бидат попријатни отколку што мислевте.

Водолија
Во фаза сте на материјална експанзија. Станавте вистински скржавец, кој само ги брои парите. Бидејќи имате многу издатоци, нема да дозволите лесно да ги потрошите парите. направивте план и од тоа нема да отстапите. Можни се здравствени проблеми, предизвикани од лош метаболизам, па диетата е идеално решение.

Риби
Вашата преубава појава зрачи со оптимизам. Меѓутоа, тоа не ви е доволно. Ќе вложите дополнителен напор за да бидете поубави и посреќни. Да не сте можеби себични? Дали луѓето што се сакаат себеси се себични? Тоа е филозофско прашање и вие немате намера да се заморувате со него. Свртени сте кон попаметни и поважни нешта.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *