Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (13.09.2022)

Овен
Сите активности денеска се во застој. Не надевајте се дека сте ги разрешиле проблемите. Бидете трпеливи, дисциплинирани и толерантни. Најдобро за вас би било вниманието да го свртите кон семејството или партнерот.

Бик
Чувствувате потреба да изразите љубов, но бидејќи многу од работите не се одвиваат како што треба, ќе наидете на тешкотија. Потрудете се да ги оладите односите со околината, па очекувајте успех.

Близнаци
Денот е одличен за комуникација. Потрудете се да организирате дружење со голем број луѓе. Најдобро за понатамошниот тек на настаните е да избегнувате конфликти. Јавете се на пријателите со кои долго не сте се виделе.

Рак
Полни сте со елан. Брзате со сто на час и сакате да завршите повеќе обврски. Ве очекуваат периоди кога ништо нема да ви оди од рака, а за да не наидете на проблеми, завршете ги сите заостанати работи.

Лав
Внимавајте на енергијата бидејќи трошите повеќе од она што го поседувате. Напорно се борите, очигледно е дека сакате да се мачите. Немојте подоцна да се жалите ако се префорсирате или ако ги прецените своите можности.

Девица
Што и да правите, одлично се чувствувате. Целосно сте позитивни, а доколку не успеете да го искористите тоа, може многу да изгубите. Денес се’ ви изгледа едноставно и не грешите, затоа ве очекува успех.

Терезија
Ова е успешен ден. За доброто расположение морате да се заблагодарите на внатрешната хармонија и сознанието дека некој ве поддржува. На мистериозен начин ги совладувате проблемите од финансиска природа.

Скорпија
На прв план секогаш ги ставате возбудувањата во љубовта. Бидете дипломати, попуштајте ако околностите го бараат тоа од вас за да успеете да избегнете посериозни проблеми. Оној што е покрај вас понекогаш ви пречи.

Стрелец
Партнерот ве полудува, бидејќи сте премногу различни. Тој се труди да ви угоди, но очигледно не го сфаќате тоа. Многумина од вас немале можност да најдат сродна душа, но се наближува периодот кога ќе се случи тоа.

Јарец
Ви одговара осаменоста и тоа поради вашата наклонетост кон уметноста. Станавте свесни за проблемите и контактите со околината. Подгответе се за разочарување од некого на кого сте му верувале.

Водолија
Убавите моменти брзо поминаа, па морате да се соочите со сопствените слабости. Не ви е лесно, но затоа ги имате пријателите кои ќе ве поддржат и расположат. Потрудете се да се дружите за да успеете да го промените расположението.

Риби
Голем дел од припадниците на овој знак ги очекуваат непредвидливи ситуации. Колку повеќе работите толку е подобро за вас. Потрудете се да бидете повеќе активни и јасно одлучете што сакате и тргнете во акција.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>