Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (13.05.2019)

Овен
Сакате да ги потврдите своите практични способности пред соработниците, но не можете да најдете најдобро решение како да го изведете тоа. Во љубовниот однос добро се знае кој го има главниот збор. Наведете го партнерот да ги исполни вашите очекувања.

Бик
Не зборувајте многу за своите професионално-финансиски планови. Бидете внимателни, погрешен потег дава можност за нови компликации и професионален губиток. Кон партнерот бидете дистанцирани и ладни, но во никој случај немојте да го провоцирате.

Близнаци
Верувате во онаа верзија на нештата што ви одговара вам. Не дозволувајте проблемот со кој се соочувате да влијае на вашето расположение. Доколку сте слободни, внимателно анализирајте го лицето што ви се допаѓа. Избегнувајте неумереност и импулсивност.

Рак
Нечија порака можете да ја толкувате на различни начини, затоа потрудете се да ја согледате позитивната страна на работите. Важно е своите обврски да ги извршувате до зададениот рок, нема потреба да смислувате нови изговори. Обрнете внимание на своите основни потреби.

Лав
Немате причина да се споредувате со околината и да започнувате нови разговори. Важно е да ги испочитувате своите морални начела. Не треба да се докажувате пред лица што имаат различни критериуми од вас. Потрудете се да се релаксирате во вечерните часови.

Девица
Немате причина да ја обвинувате околината за професионалните пропусти или да се расправате со лице кое ужива голема популарност кај соработниците. Добро проценете го најдобриот момент за ефикасна акција. Партнерот за разлика од вас полесно ги решава личните и заеднички проблеми.

Терезија
Со неколку потези може да направите повеќе од вашите соработници или конкуренти. Придржувајте се до правилото дека за успехот не треба премногу да зборувате, туку треба успешно да дејствувате на повеќе полиња. На емотивен план некој ве возбудува и привлекува.

Скорпија
Од многуте информации што ги добивате доаѓате до заклучок дека ви претстојат сјајни професионални резултати и успех. Важно е да се потпрете на својот практичен дух и да зачувате добар однос со соработниците. Правите се со што можете да привлечете нечие внимание, ќе успеете.

Стрелец
Не можете во целост да ги остварите своите професионални планови, но имате сјајно претчувство дека ќе постигнете успех. Потребно е да се усогласите со соработниците, кои може да ви доверат нова улога. Се трудите да се оттргнете од сентименталното расположение, но често размислувате за нечие отсуство.

Јарец
Не е тешко да се направи добар избор во ситуација кога ви се нудат занимливи идеи или кога соработниците ви даваат значајна поддршка. Секогаш постои убава страна на вистината, но не се доаѓа случајно до неа и без добра подготовка. Изгледате самоуверено и добро сте расположени, продолжете така.

Водолија
Ситуацијата на професионален план ја толкувате на начин својствен за вас, а притоа упорно ги игнорирате случувањата што не се вклопуваат со вашите процени. Не треба да се расправате со соработниците, потрудете се да пронајдете компромисно решение. Одморете се и релаксирајте се.

Риби
Нема потреба да се оптоварувате со нечија приказна и да се грижите за иднината. Околината ви помага, затоа и постигнувате заеднички успех, а некој се труди да ви обезбеди добри материјални услови. Доброто претчувство што го имате ви навестува возбудлива забава или нова емотивна средба.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *