Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (13.02.2018)

Овен
Односот со партнерот и денес ви е исполнет со страсни љубовни чувства. Сепак, одржувајте ја емотивната смиреност, бидејќи имате добри шанси да бидете разочарани од сопствените емоции до крајот на денот.

Бик
Ќе бидете во добро расположение цел ден. Вечерва ќе бидете помалку расположени и незадоволни од ставовите на пријателите кон вас. Добар однос со децата, партнерот и во љубовта воопшто. Здравјето ви е одлично.

Близнаци
Финансиската ситуација благо се подобрува иако и понатаму сте незадоволни од состојбата на работа. Односот со партнерот влегува во критична фаза овие денови, па бидете внимателни на збор. Можни се несогласувања.

Рак
Леснотија и безгрижноста се особините што денес ве красат. Воспоставувате пријатни односи со другите, особено со децата. Можно е кратко да отпатувате. Бидете попријатни кон саканото лице.

Лав
Финансиската ситуација ви се подобрува, што прави добро да се чувствувате. Ситуацијата во домот полека се подобрува, па конечно ќе можете малку да се релаксирате. Можни се помали проблеми на љубовен план.

Девица
Многу сте комуникативни и добро расположени кон околината. Очекувајте финансиска добивка. Не сте исполнети со љубов овие денови. Изгледа дека не ви е лесно да го разберете саканото лице.

Терезија
На праг сте да излезете од повеќедневната криза во која западнавте. Ситуацијата на работното место се подобрува, а со тоа и материјалната состојба. Се сомневате во партнерот. Водете повеќе сметка за исхраната и здравјето.

Скорпија
Ве очекуваат многу активности во друштвото и на работното место. И понатаму сте во центар на вниманието, што ви е пријатно. Иако денес ќе добиете пари, внимавајте да не ги изгубите. Избегнувајте игри на среќа.

Стрелец
Денес сте професионално успешни и задоволни. Се приближува денот кога ќе отпатувате. Повеќе грижа водете за куќните и семејните прашања. Можни се несогласувања внатре во семејството. Здравствената состојба ви е одлична.

Јарец
Оставате многу впечатливо влијание на спротивниот пол. Ве очекува личен и професионален успех во друштвото. Односот со партнерот е одличен. Средба со необично лице.

Водолија
Денес сте многу урамнотежени, како на работното место, така и во односот со саканото лице. Наскоро ви претстои патување. Финансиската ситуација полека се подобрува. Спортски активности кон крајот на денот.

Риби
Емотивно добро се чувствувате, а со партнерот ќе имате квалитетен однос. Меѓутоа, на работното место ситуацијата не е најдобра, што лошо ќе се одрази и на вашата финансиска состојба. Внимателно со пиењето.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *