Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за четврток (12.10.2017)

ОВЕН
Ви се нудат нови работни можности, главно, поврзани за странство. Доколку имате проблеми со внатрешните органи – одете на лекар. Не смеете да го ставите вашето здравје во втор план. Со вашиот партнер остварувате се’ подобри односи. Во него го наоѓате она за што долго сонувате.

БИК
Работната состојба не е толку лоша како што мислите. Треба само да бидете трпеливи и парите ќе пристигнат. Сега ќе мора да се задоволите со вообичаената заработка. Чувајте се од настинки. Дишните патишта и гласните жици ви се слаби точки.

БЛИЗНАЦИ
Чувајте се од паѓање, може лесно да се здобиете со повреди што ќе остават потешки последици. Внатрешните конфликти се под контрола. Знаете да владеете со нив. На партнерот му наоѓате безброј мани. Слободните припадници ќе запознаат некое шармантно лице со знакот Вага. Прифатете покана за вечера.

РАК
Многу сте исцрпени. Претстојната седмица е совршена за собирање нови сили за работните обврски што следуваат. Извесни обврски ве блокираат и ве оптоваруваат. Мора повеќе време да му посветите на здравјето. Пречувствителни сте, преземате преголеми ризици што може да ве доведат до некоја болест.

ЛАВ
Прекумерната работа бара поголемо трпение, а вие го имате. Ќе постигнете видливи резултати доколку сте тимски играч и ги почитувате туѓите желби. Заморот е последица на напорната работа што ви ја троши енергијата, но и сигнал дека работните активности треба да се доведат на разумно ниво.

ДЕВИЦА
Го сакате она што го работите, па на секојдневните проблеми им пристапувате без паника. Освен работата, има и други нешта што ви предизвикуваат задоволство. Не се прејадувајте, може да имате здравствени проблеми. Со партнерот сте во добри односи. Придржувајте се до деталите и до ситните романтични моменти.

ТЕРЕЗИЈА
Се наоѓате во некоја променлива фаза. Премногу манипулирате на работното место. Знајте дека со минимален напор остварувате максимални резултати. Што повеќе ви треба? Се’ ви оди од рака. Здравствената ситуација ја држите под контрола. Земајте витамини и нема да имате никаков проблем.

СКОРПИЈА
Финансиските тешкотии се нормална појава за Скорпиите. Ве обзема желба за трошење, но подобро е да се контролирате. Здравствената состојба е релативно добра. Доколку сте хиперактивни, болките во нозете ќе ве предупредат да го забавите темпото. Одлични односи со партнерот. Слободните Скорпии очекуваат нови љубовни предизвици.

СТРЕЛЕЦ
Извесната ситуација ве прави песимисти. Настојувате од сe да дигнете раце. Свесни сте дека грешите, но тоа е посилно од вас. Пожелно е да ги сработите тековните работи, но направете и нешто за ваша душа. Нагласена е несигурноста и хипохондријата. Дружење со ведри личности ви е спас.

ЈАРЕЦ
Опседнати сте со работата и со подобрувањето на финансиската ситуација. Очекувајте многу изненадувања кога во прашање е овој сегмент. Имате моќна поддршка од планетите. Доколку настанат некои здравствени проблеми, знајте дека станува збор за промени во енергетската рамнотежа на организмот.

ВОДОЛИЈА
Внимавајте на озборувањата. Ќе наидете на разни приказни поврзани со вашето име. Давате непромислени изјави, па ги обвинувате другите ако поради тоа се соочите со последици. Немате доволно време да реагирате на ситуациите што ви се наметнуваат.

РИБИ
На заслуга на вашата лесна приспособливост, ве очекува одличен период. Проблеми може да очекуваат само Рибите што се премногу конзервативни. Доколку планирате некакви хируршки интервенции, подобро ќе биде да ги одложите. Има време и за тоа.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *