Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за понеделник (12.02.2018)

Овен
Односот со партнерот станува се’ поинтензивен. Сексуалниот живот е поизразено нагласен од кога и да било. Добри вести очекувајте на професионален план. Одлична можност за добивка. Внимавајте на здравјето.

Бик
Пред вас е интересен ден во еротска смисла. Љубовниот живот ви е балансиран, иако се можни повремени расправии поради вашата напнатост. Многу работите, но ве очекуваат деловен успех и сигурна добивка.

Близнаци
Денес најдобро се чувствувате во прегратката на партнерот. Работата ве оптоварува. Водете сметка што потпишувате. Мали проблеми во домот, но и во сообраќајот. Можни се казни. Добри вести од странство.

Рак
Ова е ден кога имате можност да освоите вистинско богатство во игрите на среќа. Ниту на љубовен план не стагнирате. Ќе поминете необична вечер. Или накратко речено, добри изглед за среќа и задоволство.

Лав
Денес на некој начин ќе го разубавувате просторот во кој живеете, бидејќи сте расположени за тоа. Односот со партнерот се нормализира и многу добро се чувствувате. Задоволство во љубовта и во времето минато со децата.

Девица
Исклучително сте активни и успешни на деловен план. Ситуацијата на планот на љубовта денес е чувствителна тема, но можни се промени по тоа прашање. Финансиска добивка. Расправии со блиските роднини и соседи.

Терезија
Изгледа дека денес ќе имате многу среќа, особено кога се во прашање парите, бидејќи може да очекувате финансиска добивка. Релаксирајте се и повеќе забавувајте се. Во љубовниот живот внесете малку повеќе романтика.

Скорпија
Пред вас е посебен ден. Можна е средба со стара љубов, дури и почеток на авантура. Финансиската состојба се подобрува, што поволно се одразува на семејната ситуација. Проблеми со здравјето.

Стрелец
Многу сте сентиментално расположени, што се гледа по начинот на кој денес разговарате со другите. Склони сте кон платонска љубов, но и кон тајни врски. Одлична можност за релаксирање. Внимавајте на тежината.

Јарец
Дружељубиви сте и насочени кон нови познанства. На работа ситуацијата, главно, е добра. Односот со партнерот е повеќе другарски отколку љубовен. Сигурна финансиска добивка. Проблеми со ’рбетот.

Водолија
Насочени сте кон правење нови планови. Имате прекрасни идеи и не се воздржувајте од реализирање. Ве очекува успех во соработката со помлади колеги. Интересни средби со пријателите. Здравјето е добро.

Риби
Денес имате исклучителна можност за деловен успех. Пријатно сте расположени и денес ќе почнете многу нешта што ќе вродат со плод. Пред вас е можност за патување. Здравјето е стабилно.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *